Берберски леопард

Берберски леопард
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Felidae
Род: Panthera
Вид: P. pardus
Подвид: P. p. panthera
Триномен назив
Panthera pardus panthera
(Schreber, 1777)

Берберски леопард (Panthera pardus panthera) — подвид на леопард ги населува Атласките планини, е доста сличен со африканскиот леопард. Овој подвид е покус и понабиен од типичниот Panthera pardus, со погусто крзно кое е адаптација на снежните услови на планините каде што живее. Како и останатите леопарди и овој е снаодлив ловец и може да убие антилопа која е двапати поголема од него. Се храни и со инсекти и други мали животни, особено берберското макаки.

Ова животно се смета за загрозен подвид, сепак извештаите за бројката во дивината доста варираат. Според различни проценки, бројките варираат од изумрени во дивината со дузина во заробеништво (сепак не е сигурно дека овие единки спаѓаат во овој подвид), па до 250 единки во дивината.

Се смета дека овој подвид бил употребуван од римјаните во гладијаторските борби.

Во 1995 година, истражувачка екипа од Универзитетот во Кембриџ не успеала да докаже присутност на берберскиот леопард употребувајќи фотографски стапици. Во октомври 2002 година, шпанска експедиција спровела истражувања на Атласките планини со цел да изврши прoценка на видот. Тие не успеале да сликаат ниту една единка, но сепак пронашле траги за кои се верува дека припаѓаат на четири различни единки. Трагите укажале на присуство на женка со две малечки што покажува дека подвидот најверојатно се размножува. Всушност и некои сведоци изјавиле дека виделе млад леопард во близина на поставените фотографски стапици.

Наводи

уреди
  • Panthera pardus ssp. panthera. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 1996. Посетено на 11 мај 2006. Податоците вклучуваат и кратко објаснување зошто овој подвид е критично загрозен.