Берберско макаки
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Примати
Семејство: Старосветски мајмуни
Род: Макаки
Вид: Берберско макаки
Научен назив
Macaca sylvanus
(Linnaeus, 1758)[2]
Распространетост на берберското макаки

Берберско макаки (научMacaca sylvanus)[3] — вид на макаки единствено кое се наоѓа на територија надвор од Азија и има закржлавена опашка.[4] Може да се сретна на падините на планината Атлас во Алжир и Мароко и малубројна популација која била пренесена од Мароко до Гибралтар, берберското макаки е најдобро познат мајмун од Европа species.[5]

Череп и мозок, исцртани од Жерве' Histoire naturelle des mammifères

Берберското макаки е од интерес бидејќи мажјаците имаат нетипична улога да се грижат за младите. Поради несигурноста наза татковството, мажјаците подеднакво се грижат за сите младенчиња. Општо, Берберските макаки од сите возрасти и пол придонесуваат за грижата на младите.[6]

Исхраната на макикито се содржи претежно од растенија и инсекти во зависност од животната средина. Мажјаците живеат и до 25 години додека пак женките можат да живеат и 30 години.[4] Покрај луѓето, тие се единствените слободни примати во Европа. Иако видот вообичаено се нарекува „Берберски примат“, берберското макаки е всушност вистински мајмун. Неговото име потекнува од Берберското крајбрежје во северозападна Африка.

Берберските макаки кои живеат во Гибралтар се единствената група која живее надвор од Северна Африка и единствените диви мајмуни на тлото на Европа. Во Гибралтар живеат отприлика 230 макаки.[7]

Физички опис

уреди

Овој мајмун има жолто-кафена боја па сè до сива со посветло обоен стомачен дел. Берберското макаки има должина на телото од 556,8 мм кај женките и 634,3 мм кај мажјаците со измерени тежини од 9,9±1.03 кг кај женките и околу 14,5 кг кај мажјаците.[4] Лицето е темно розово и има закржлавена опашка, со должина од 4 до 22 мм.[4] Мажјаците почесто имаат подолги опашки. Предните екстремитети на овој мајмун се подолги од задните екстремитети. Женките се помали од мажјаците.[8]

Живеалиште

уреди

Берберското макаки главно е распострането на падините на венецот Атлас и планината Риф кои се протегаат на териториите на Мароко и Алжир. Станува збор за единствениот вид на макаки кој живее надвор од Азија.[4] Овие животни можат да живеат во различни жиотни средини, како што се кедрови, елови и дабови шуми, како и пасишта, грмушки, каменести предели со растителна вегетација. Повеќето берберски макаки живеат во кедрови шуми во пределот на планината Атлас, сепак, ова само го прикажува моменталното живеалиште, наместо живеалиштето во кое тие го одбрале да живеат.[4]

Исхраната на берберското макаки се состои од мешавина на билки и инсекти.[4] Тие се хранат со бројни голосеменици и скриеносеменици. Се хранат со целото растение, цветови, плод, семиња, никулци, лисје, стебленца, кора, смола, гранки, корења, пупки, и желади.[4] Чест животински плен на берберското макаки се полжавите, црвите, скорпиите, пајаците, стоногалките, многуножци, скакулци, термити, водени дрвеници, тврдокрилци, бумбари, пеперутки, молци, мравки, па дури и со полноглавци.[4]

Нивни грабливци се леопардите, орлите, и домашните кучиња.[4] Приближувањето на орлите или пак домашните кучиња доведува до тоа мајмуните да сигнализираат еден вид на аларм за приближувањето на овие грабливци.[4]

Наводи

уреди
  1. Macaca sylvanus. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 4 January 2009.
  2. Linne´, Carl von (1758). Systema naturæ. Regnum animale (10. изд.). стр. 25. Посетено на 19 November 2012.
  3. „Magot, n.“. Oxford English Dictionary. Посетено на 15 May 2013.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 Fooden, Jack (2007). Systematic review of the Barbary macaque, Macaca sylvanus. Field Museum of Natural History.
  5. Emmanuel, John (September 1982). „A Survey Of Population and Habitat of the Barbary Macaqu Macaca Sylvanus L. In North Morocco“. Biologoical Conservation. 24 (1): 45–66. doi:10.1016/0006-3207(82)90046-5.
  6. Small, Meredith F (1990). „Alloparental Behaviour in Barbary Macaques, Macaca Sylvanus“. Animal Behaviour. 39 (2): 297–306. doi:10.1016/s0003-3472(05)80874-7.
  7. „The world famous Rock of Gibraltar is home to a unique population of Barbary macaques“. The Gibraltar Ornithological & Natural History Society. Архивирано од изворникот на 2008-02-08. Посетено на 27 September 2013.
  8. Fischer, Julia; Kurt Hammerschimidt (2002). „An Overview of the Barbary Macaque, Macaca sylvanus, Vocal Repertoire“. Folia Primatologica. 73 (1): 32–45. doi:10.1159/000060417.

Надворешни врски

уреди