Африкански леопард

Африкански леопард
Африкански леопард во Намибија
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Felidae
Род: Panthera
Вид: P. pardus
Подвид: P. p. pardus
Триномен назив
Panthera pardus pardus
(Лине, 1758)

Африканскиот леопард (Panthera pardus pardus) е најбројниот подвид на леопард во светот. Овој подвид е распространет низ Африка, од планинаските региони (ЈАР, Зимбабве...) до пасиштата (Габон, Конго...) и саваните (Кенија, Танзанија...), вклучувајќи и доста сурови пустински региони како пустината Калахари во Намибија. Сепак, најмногу ги има во недостапните дождовни шуми. Како и останатите големи цицачи, и овој подвид на леопард е отсутен во регионите каде што има голема концентрација на луѓе.

Особености уреди

Базичната боја на крзното на африканскиот леопард варира во разни делови од Африка. Во зависност од местото и живеалиштето, бојата варира од црвеникаво-кафена, преку темножолта до кремава. Африканските леопард се прошарани со црни розети, најчесто без точки во внатрешноста. Шарата на крзното е уникатна за секоја единка. Мажјаците генерално се поголеми и потешки од женките за околу 40%. Тие достигнуваат тежина до 90 килограми и се долги 1,90 метри плус околу метар долгата опашка.

Исхрана и лов уреди

Африканскиот леопард се храни со најразлични видови вклучувајќи инсекти, глодачи, влекачи, големи цицачи, па дури повремено и домашна стока. Леопардите се многу силни животни и можат да качат на дрво плен кој е неколкупати потежок од нив (како на пример синото гну). Овие животни го качуваат пленот на високите гранки за да го заштитат од натрапници. Африканските леопарди се ноќни животни и најчесто не ловат до самрак. Сепак, тие се опортунистички ловци па можат да ловат и преку ден доколку е неопходно.

Леопардите го следат нивниот плен. Го убиваат со задушување кое следи по загриз на грлото со нивните моќни вилици. Ретко се борат со други грабливци за храна, најмногу поради ризикот од повреда.

Наводи уреди