Белградска арена
Белградска арена е голема сала во Нов Белград наменета за спортски настани, концерти, саеми, конгреси и др.
Штарк арена | |
---|---|
Место | Белград, Србија |
Започнат | 1991 |
Отворен | 2004 |
Сопственик | Белград |
Игра | Кошаркарска репрезентација на Србија (мажи и жени), Партизан (мажи и жени), Црвена Ѕвезда (мажи) |
Гледачи |
Изградена е од 1991 година, а свеченото отворање било во 2004 год. Вкупната цена на изградбата достигнала до 70 милиони евра. Комплексот се состои од голема сала, мала сала и паркинг.
Белградската арена има површина од 48,000 квадратни метри, распоредени во 6 етапи. Сместивоста на арената се состои од 18,386 седишта[1] во зависност од настаните. Во салата има и 68 луксузни ложи, кои можат да примат 768 посетители, ВИП Салонот со 38 места може да се користи за конференција за новинарите.
Во салата може да се одржуваат натпреварувања во бокс, одбојка, кошарка, тенис, боречки вештини, ракомет, мал фудбал,уметничко лизгање, атлетика, гимнастика и коњички спортови.
Најголеми сали во Европа | ||
---|---|---|
Име на објектот | Држава | Сместивост |
СЦЦ Петебургски | Русија | 25.000 |
Синан Ердем Дом | Турција | 22.500 |
Спортска палата Мерксем | Белгија | 21.000 |
Келн Арена | Германија | 20.000 |
Белградска арена | Србија | 19.982* |
Надворешни врски
уреди„Белградска арена“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место на Белградската арена Архивирано на 7 јули 2009 г.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-07-18. Посетено на 2014-07-18.