Беким Сали
Беким Сали (роден во Скопје) е политичар, и поранешен министер за здравство во Владата на Република Северна Македонија.
Беким Сали | |
---|---|
Министер за здравство | |
На должноста 17 јануари 2022 – 28 февруари 2023 | |
Претходник | Венко Филипче |
Наследник | Фатмир Меџити |
Лични податоци | |
Роден(а) | Скопје, СР Македонија, СФР Југославија |
Партија | Алтернатива |
Установа | Стоматолошкиот факултет во Скопје |
Биографија
уредиСредно училиште завршил во 1997 година во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје. Во 2007 година дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје, по што продолжува на постидпломски студии за јавно здравје.
Зад себе има ангажмани во невладиниот сектор за здравство како и во министерството за здравство.
Основач е и претседател на Здружението за здравствена култура и воспитание „ПроВита“ – Скопје. Свето професионално искуство го надградувал како член на Стоматолошката комора на Република Северна Македонија, член на Здружението на албански стоматолози и член на Здружението на Албанските имплантолози во републикава.
Учествувал на научни активности од областа на стоматологијата организирани од Стоматолошката комора и Здружението на албанските стоматолози на Република Северна Македонија.
Во 2008 година ја основал и бил директор на стоматолошката клиника „Молар“ во Скопје.
Од 2009 до 2010 година е шеф на кабинетот на министерот за здравство и претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.
Своето политичко искуство го отпочнува како претседател на огранокот на општина Чаир на движењето „Беса“. Од 2019 до 2020 година бил организациски секретар на партијата „Алтернатива“. Од 2020-2022 година бил генерален секретар на „Алтернатива“ и кандидат на локалните избори во Чаир.
Течно говори: македонски, англиски и турски јазик.