Бегеј
Бегај (романски: Bega, унгарски: Béga) — река во Романија и Србија.
Бегеј Bega | |
---|---|
Бегеј во Темишвар | |
Местоположба | |
Држава | Романија, Србија |
Градови | Романија: Феџет, Рекаш, Темишвар Србија: Зрењанин, Ечка |
Физички особености | |
Извор | Сливот на водите на Бега Лунканилор и Бега Поиенилор |
• место | Планини Појана Руска, Романија |
Устие | Тиса во близина на Тител, Србија |
• координати | 45°12′30″N 20°18′55″E / 45.20833° СГШ; 20.31528° ИГД |
Должина | 244 км[1] |
Големина на сливот | 4,458 km2 (1,721 ми) 6,249.6 km2 (2,413.0 ми)[2] |
Проток | |
• место | Тител, Србија (во близина) |
• просечен | 22 m3/s (780 cu ft/s) 18.869 m3/s (666.4 cu ft/s)[3] |
Особености на сливот | |
Течение | Тиса→ Дунав→ Црно Море |
Притоки | |
• леви | Бега Лунканилор, Гладна, Бега Веке |
• десни | Бега Поиенлор, Киздија |
Извира во планините Појана Руска, кои се дел од Карпатите. Тече низ романските градови Феџет и Темишвар, а во Србија низ селата Српски Итебеј, Нови Итебеј, Торак, Житиште, низ градот Зрењанин, а потоа и низ селата Ечка, Стајиќево и Перлез.
Бегеј се влева во Тиса во близина на Тител.
Должината на Бегеј изнесува 254 км, од кои 75 км минуваат низ Србија.
Минато
уредиБегеј е канализиран - регулиран за пловидба, па извозниците многу го користеле меѓу двете светски војни. Пристаништето во Велики Бечкерек се наоѓало во близина на зградата на „Капетанијата“.
На почетокот на април 1937 година, надојдениот Бегеј, поради стагнацијата создадена од високото ниво на Тиса, го поплавила градот Петровград. Најмногу настрадала населбата Берберско каде паднала една куќа.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Статистички годишник на Република Србија 2017 (PDF) (српски и англиски). Белград: Републички завод за статистика на Србија. октомври 2017. стр. 16. ISSN 0354-4206. Посетено на 30 мај 2018.
- ↑ „Rivers Network“. 2020. Архивирано од изворникот на 12 октомври 2022. Посетено на 14 март 2022.
- ↑ „Rivers Network“. 2020. Архивирано од изворникот на 12 октомври 2022. Посетено на 14 март 2022.
Надворешни врски
уреди- Грујић, Б. (22. 8. 2019). „Ниче нови мост преко Бегеја“. Вечерње новости. Посетено на 22. 8. 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help)