Беата Шидло
Беата Марија Шидло (полски: Beata Maria Szydło; 15 април 1963) — полска политичарка и премиер на Полска. Како потпретседател на националконзервативната партија Право и правда, предводела две успешни кампањи во претседателските и парламентарните избори во 2015 г. Со победата на партијата, била назначена за премиерски кандидат[1][2], а потоа застанала на таа функција.
Беата Шидло Beata Szydło | |
---|---|
Податотека:Beata Szydło (2016 cropped).jpg | |
Премиер на Полска | |
Стапува ноември 2015 | |
Претседател | Анджеј Дуда |
Претходник | Ева Копач |
Пратеник на Сејмот | |
На должноста | |
Стапил 25 септември 2005 | |
Изборна единица | 12 — Хшанув |
Лични податоци | |
Роден(а) | Беата Кусињска 15 април 1963 Ошвјенќим, Полска |
Националност | Полјачка |
Партија | Право и правда |
Сопружник | Едвард Шидло |
Деца | Тимотеуш, Блажеј |
Вероисповед | католичка |
Портал | beataszydlo.pl |
Детство и младост
уредиРодена е во скромно семејство на татко рудар во градот Ошвјенќим (Аушвиц) со моминско презиме Кусињска, а пораснала близу Бжешче.[3] Во 1989 г. дипломирала етнографија на Јагелонскиот универзитет во Краков.
Политичка кариера
уредиНа возраст од 35 години е избрана за градоначалник на Општина Бжешче, а во 2005 г. станала пратеник од Хшанув на Сејмот (собранието на Полска) од партјата Право и правда, со освоени 14.447 гласови.
На партискиот конгрес на 20 јуни 2015 г. Шидло е изгласана за кандидат за премиер на државата на општите избори истата година.[4] Право и правда победила на изборите со освоени 37,6% од гласачкото тело наспроти Граѓанска патформа, со 24,1% од гласовите. Со тоа, Шидло ја заменила Ева Копач на премиерското место.
Личен живот
уредиШидло е мажена и има два сина, од кои едниот е ѓакон, а другиот медицинар.
Наводи
уреди- ↑ „Poland's Law and Justice to have parliamentary majority“. Radio Poland. 27 October 2015. Посетено на 29 October 2015.
- ↑ Alex Duval Smith (26 October 2015). „Poland lurches to right with election of Law and Justice party“. The Guardian (UK). Посетено на 29 October 2015.
- ↑ Adam Easton (26 October 2015). „Beata Szydlo: Polish miner's daughter set to be PM“. BBC Online. Посетено на 29 October 2015.
- ↑ „PiS picks Szydło as candidate for PM“. Warsaw Business Journal. 22 June 2015. Архивирано од изворникот на 2015-10-24. Посетено на 3 July 2015.
Надворешни врски
уреди„Беата Шидло“ на Ризницата ? |
- Матична страница (полски)
- Беата Шидло — Сејм на Република Полска (полски)
- Beata Szydlo на Твитер (полски)