Бањска Река
Бањска Река — река во Србија, десна притока на реката Топлица, во која се влева во близина на Куршумлија. Извира под крајните југоисточни гранки на Копаоник. Долга е 22 км, со сливно подрачје од 155 км². Просечниот проток на устието е 0,7 m³/s.
Бањска Река | |
---|---|
Изворно име | Бањска река (српски) |
Местоположба | |
Држава | Србија |
Физички особености | |
Устие | |
• место | Топлица |
• координати | 43°08′16″N 21°16′36″E / 43.1378°N 21.2767°E |
Особености на сливот | |
Течение | Топлица - Јужна Морава - Голема Морава - Дунав - Црно Море |
Долината на Бањска Река е претежно клисуреста, а сливот е добро пошумен. Низ таа котлина води патот Куршумлија - Куршумлиска Бања - превој Преполац - Подуево - Приштина.
Литература
уреди- Srboljub Đ Stamenković (2002). Geografska enciklopedija: naselja Srbije. Geografski fakultet.