Бајазит Паша (? - 1421) — османлиски државник и Голем везир на империјата во периодот од 1413 до 1421 година[1].

Амасијали
Бајазит
Паша
Голем везир на Османлиското Царство
На должноста
1413 – јули 1421
Монарх Мехмед I, Мурат II
Претходник Имамзаде Халил-паша
Наследник Чандарли Ибрахим-паша
Лични податоци
Роден(а) Амасија
Починал(а) јули 1421
Одрин
Националност Отоман
Вероисповед ислам

Тој е роден во Амасија и одгледан во султанскиот сарај. Во времето на Бајазит I работел на повеќе воени позиции, а во времето кога синот на султанот, шехзаде Мехмед (идниот Мехмед I) станал управител на Амасија, тој му станал главен советник.

По катастрофалниот пораз кај Ангора во 1402 година и заробувањето на султан Бајазит, Бајазит Паша успеал да го спаси 15-годишниот Мехмед Челеби од силите на Тимур и да го засолни во Амасија. По крајот на граѓанската војна, Бајазит станал голем везир на Мехмед I. Во негово време било задушено востанието на Бедредин во 1420 година.

По смртта на Мехмед I, Бајазит ја сочувал неговата смрт за 40 дена додека султановиот син Мурат пристигне во престолнината и го зазеде престолот. Во јули 1421 година, само два месеци по крунисувањето на Мурат I, Бајазит Паша бил испратен да го задуши востанието на Мустафа Челеби, чичкото на Мурат. Во Битката кај Едрене тој бил заробен и погубен.

Наводи

уреди
  1. İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971, p. 9.
Политички функции
Претходник
Имамзаде Халил-паша
Голем везир на Османлиското Царство
1413 - 1421
Наследник
Чандарли Ибрахим-паша