Имамзаде Халил-паша
Имамзаде Халил-паша, познат и како Османчишки Имамзаде Халил-паша, (починал во 1413) — отомански државник, кој бил Голем везир во периодот од 1406 до 1413 година.[1]
Османчишки Имамзаде Халил Паша | |
---|---|
Голем везир на Отоманското Царство | |
На должноста 18 декември 1406 – 1413 | |
Монарх | Мехмед I |
Претходник | Чандарли Али-паша |
Наследник | Бајазит-паша |
Лични податоци | |
Роден(а) | Османчик, Турција |
Националност | Османлија |
Вероисповед | ислам |
Животопис
уредиИмамзаде Халил-паша се родил во Османџик, во северниот дел на Анадолија, како син на Хајдар-паша.
Во 1402 година, средноазискиот владетел Тамерлан со огромни сили навлегол во Анадолија и тешко ја поразил отоманската војска во Битката кај Ангора. Султанот Бајазит I бил заробен и починал во заробеништво следната 1403 година.
По заробувањето и смртта на султанот Бајазит I, неговите сунови Сулејман, Муса, Иса и Мехмед започнале меѓусебна борба за власта.
Имамзаде Халил-паша најпрво ја извршувал функцијата беглербег на Анадолија, а на 18 декември 1406 година, султанот Мехмед I го назначил за Голем везир.
Неговиот син, Коџа Мехмед Низамудин-паша, исто така ја извршувал функцијата Голем везир.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971, p. 9.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Чандарли Али-паша |
Голем везир 18 декември 1406 - 1413 |
Наследник Бајазит-паша |