Махмуд Бедредин Симави (отомански турски: شیخ بدرالدین ) бил отомански правник и суфиски шејк. Стекнувајќи широка популарност со своите проповеди, тој бил поставен на високи позиции кај претендентот за османлискиот престол Муса Челеби. Во 1416 година организирал самостојно неуспешн бунт против султанот Мехмед I обидувајќи се да ја преземе власта за кое бил заробен, суден и обесен во Сер.

Махмуд Бедредин
Симави
Роден1359
Симава
Починал16 декември 1420
Сер
ПочивалиштеСер
Држава Османлиско Царство
Битки/војниВостание против принцот Мехмед Челеби

Рани години уреди

Повеќето детали за животот на Бедредин Симави, особено за неговите рани години се познати само од апологетичната биографија напишана по неговата смрт од неговиот внук и духовен следбеник Халил бин Исмаил.

Според Халил, Бедредин е роден во 1359 година Симавна. Неговиот татко бил кадија, а мајка му била ќерка на византискиот управител на Димотика. По раѓањето на Бедредин неговото семејство се преселило во Едрене каде го стекнал своето образование. Во 1400 година заминал за Каиро каде го уживал покровителството на мамелучкиот султан Баркук а потоа и на неговиот наследник Фараџ. Таму тој станал познат по своите познавања од исламско право и бил посветен во суфизмот. Во наредните години тој напишал бројни мистични книги од кои дел се задржани до денес.

Враќање во османските земји уреди

Во 1404 година Бедредин Симави одлучил да се врати во својата татковина. Тој поминал триумфално во Анадолија проповедајќи во градовите пред народот а исто така бил примен позитивно и од страна на емирот на Караман, Гермијан и Ајдин. Во тоа време Анадолија била уништена од инвазијата на Тимур и последователната војна меѓу бејлербеговите и претендентите за османлискиот престол. Бедредин го посетил џеновскиот остров Хиос по барање на тамошните власти и според неговата биографија голем дел од населението ги прифатило неговите идеи и исламот. Потоа кон него се приклучиле и група на дервиши и заедно со нив тој влегол во Бурса. На крајот Бедредин се вратил кај своето семејство во Едрене, но во наредните години презел нови патувања во Мала Азија.

Кога во 1411 година Муса Челеби, еден од претендентите за отоманскиот престол го зазел градот Едрене и воспоставил контрола над европските територии на Османлиите, тој го назначил на Бедредин за кадиаскер (главен воен судија). Во 1413 година Муса бил поразен од својот брат Мехмед Челеби и Бедредин како еден од неговите поданици бил протеран во Изник.

Востанието на Бедредин уреди

Во есента на 1416 година Бедредин успеал да побегне од Изник и со помош на емирот на Синоп Исфендероглу со брод заминал во Влашко кај војводата Мирче Стариот. Во минатото овие два владетели го поддржувале Муса Челеби а потоа и Мустафа Челеби против Мехмед I и најверојатно целта им била да го искористат Бедредин за предизвикување на нови меѓусебни бунтови на османлиска територија.

Во Влашко Бедредин се поврзал со Азеб бег, побегнат големец на убиениот претендент Муса Челеби. Бедредин по ова заминал кон Лудогорието каде привлекол бројни следбеници. Тој таму ги најавил своите претензии да стане султан и им ветил на своите следбеници земјиште, привлекувајќи многу голем број на луѓе кои паднале во немилост по поразот на Муса. Претензиите за престолот Бедредин го оправдувал со наводното потекло од султаните на Рум и духовното сродство со пророкот Мухамед преку шејкот Хусеин Ахлати. Востанието главно го опфатило Лудогорието и Добруџа.

Од своето седиште во Сер султанот Мехмед испратил војници кон Лудогорието и бунтот бил прекинат речиси без отпор бидејќи голем дел од следбениците на Бедредин се откажале од него. Бедредин бил заробен и однесен во Сер каде султанот организирал јавен процес против него. Тој бил осуден на смрт поради бунтот против султанот и на 16 декември 1418 година бил обесен на чаршијата во Сер, но неговиот имот не бил конфискуван бидејќи не било утврдено негово злосторство против религијата.

Поврзано уреди