Барле-Хертох
Барле-Хертох (холандски: Baarle-Hertog, француски: Baerle-Duc) — општина на Белгија која претежно се состои од ексклави на територијата на Холандија.
Барле-Хертох Baarle-Hertog | |||
---|---|---|---|
општина | |||
Поранешниот градски дом на Барле-Хертох | |||
Земја | Белгија | ||
Заедница | Фламанска | ||
Област | Фламанска | ||
Покраина | Антверпен | ||
Округ | Турнхаут | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Лео ван Тилбург | ||
Површина | |||
• Вкупна | 7,48 км2 (289 ми2) | ||
Население (2018-01-01)[1] | |||
• Вкупно | 2.705 | ||
• Густина | 3,6/км2 (9,4/ми2) | ||
Пошт. бр. | 2387 | ||
Повик. бр. | 014 | ||
Мреж. место | baarle-hertog.be |
Екскавите се сместени во холандската покраина Северен Брабант, но управно ѝ припаѓаат на белгиската покраина Антверпен. Во 2006 г. Барле-Хертог имал население од 2.306 жители. Збирно зафаќа површина од 7,48 км2, со густина на населеност од 308 жит./км2.
Географија
уредиГраница со Барле-Насау
уредиБарле-Хертох е познат по неговата сложена граница со Барле-Насау, Холандија.[2] Овој распоред е утврден со Мастришкиот договор склучен во 1843 г., а води потекло од достоинственичките имотни односи во средниот век. Се состои од вкупно 24 одделни парцели, од кои сите се физички неповрзани со самата Белгија на која ѝ припаѓаат. Општинско седиште на Барле-Хертох е Зондерајген, северно од белгиското гратче Мерксплас. Покрај него има и дваесет белгиски ексклави во Холандија и уште три парчиња долж холандско-белгиската граница. Воедно постојат седум холандски ексклави во рамките на белгиските ексклави (наречени противекслави). Шест од нив се во најголемата белгиска енклава, а седмата е во друга. Холандија има осма ексклава која е во соседен Хинховен на чисто белгиска територија.
Само две села од општината се на територија на самата Белгија: Зондерајген и Хинховен.
За време на Првата светска војна, овој распоред бил пречка за германската војска, која не можела да навлезе во тој дел од Белгија без да помине низ Холандија, која не дозволувала пристап. Така, овие делчиња од Белгија станале безбедно прибежиште за дејците на белгискиот отпор,[3] кои одовде ги насочувале противгерманските дејности со помош на криумчарен радиопредавател. Холандската влада ги оградила еклавните подрачја и поставила граничари, а на населението му изградиле црква и училиште.[4] Оваа ситуација не се јавила во Втората светска војна, бидејќи обете земји биле под окупација на Третиот Рајх.
Некои куќи во Барле-Хертох/Барле-Насау се поделени помеѓу двете земји. Во минатото холандскиот закон налагал порано затворање на рестораните отколку белгискиот, поради што пограничните кафеани ги преместувале масите преку линијата во белгискиот дел.[5] Целата состојба е производ на низа договори, продажби и размени склучувани помеѓу господарите на Бреда и војводите на Брабант во средниот век. Подрачјата со земјоделско земјиште и градби биле во состав на Брабант, а останатите делови ѝ припаѓале на Бреда. Ваквата распределеност е разјаснета и официјално доутврдена со Мастришкиот договор од 1843 г. склучен помеѓу Холандија и Белгија. Почнувајќи од во 1990-тите, практичниот живот во Барле е олеснет со пристапувањето на двете земји кон Европската Унија и склучувањето на Шенгенскиот договор.
Во Барле-Хертох има бројни продавници за огномет бидејќи белгискиот закон е попопустлив од холандскиот, што привлекува многу купувачи од Холандија во предновогодишниот период.
Список на енклави
уредиХоландски енклави
уредиСите овие енклави се во состав на општината Барле-Насау (Холандија).
Број и име[6] | Површина (ха) | Опис |
---|---|---|
N1 — Де Ловерсхе Акерс – Де Томелсхе Акерс | 5,36 | Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; опфаќа мешавина од живеалишта и обработливо земјиште; границата помеѓу N1 со H1 минува низ една градба. |
N2 — Де Томелсхе Акерс | 1,37 | Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; опфаќа 8 живеалишта. |
N3 — Де Томелсхе Акерс | 0,28 | Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N3 и H1 ја двои на два дела натоварната платформа продавница за алкохолни пијалаци. |
N4 — Де Ретсхе Акерс | 1,23 | Противенклава опколена белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N4 и H1 минува низ стовариште, со неискористено холандско земјиште зад него. |
N5 — Де Ретсхе Акерс | 1,92 | Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N5 и H1 минува низ салон за мебел, плевна и амбар. |
N6 — Хирле Страт | 1,45 | Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; се состои од обработливо земјиште со две живеалишта. |
N7 — Де Кастелајн | 0,58 | Противенклава опколена белгиската ексклава ексклава H8, во Барле-Хертох; зазема дел осд поле. |
N8 — Восенберг | 2,85 | Енклава од обработливо земјиште сместена во Зондерајген, Белгија, на помалку од 50 метри јужно од холандската граница. |
Белгиски енклави
уредиСите овие енклави се во состав на општината Барле-Хертох (Белгија) и се опколени од општината Барле-Насау (Холандија).
Број и име[6] | Површина (ха) | Опис |
---|---|---|
H1 — Ан хет Клостер Стратје - Хофдбрак - Ловерен - Де Босковенсхе Акерс - Де Ловерсхе Акерс - Де Томелсхе Акерс - Де Томел - Де Хирле Страт - Де Рет - Де Ретсхе Акерс - Хет Дорп - Де Капел Акерс - Де Кастелајн | 153,64 | Образува четворомеѓа со ексклавата H2; најголема белгиска ексклава; во себе опфаќа шест холандски (против)ексклави; се состои претежно од живеалишта, со околни обработливи површини и индустриско подрачје; границата минува низ поголем број градби; опфаќа дел од поранешната железничка линија Турнхаут-Тилбург, која денес е претворена во велосипедска патека. |
H2 — Де Ретсхе Акерс | 2,41 | Се состои од обработливо земјиште со една четворомеѓа на ексклавите H1 и H2 во средината на пченкарно поле. |
H3 — Де Ретсхе Акерс | 0,34 | Зазема дел од поле; границата минува низ една плевна. |
H4 — Де Ретсхе Акерс | 1,47 | Се состои од обработливо земјиште; границата минува низ куќа и три плевни. |
H5 — Де Капел Акерс | 0,92 | Се состои од обработливо земјиште со живеалиште. |
H6 — Хофдбрак | 1,74 | Земја со мешовита намена; границата минува низ фабрика со склад. |
H7 — Де Ловерсхе Акерс | 0,24 | Границата минува низ две живеалишта, како и по средината на една влезна врата, чија куќа има два различни броја. |
H8 — Босковен - Де Кастелајн - Де Орделсхе Страт | 41,87 | Втора белгиска ексклава по големина, опфаќа мешавина од живеалишта и обработливо земјиште; границата минува низ амбар, живеалиште и две мали претпријатија. |
H9 — Де Капел Акерс | 0,40 | Границата минува низ печатница со склад во индустриска месност. |
H10 — Де Орделсхе Страт | 0,65 | Се состои од обработливо земјиште. |
H11 — Де Орделсхе Страт | 0,93 | Се состои од обработливо земјиште. |
H12 — Босковен | 0,28 | Се состои од обработливо земјиште. |
H13 — Босковен | 1,53 | Границата минува низ 20 живеалишта. |
H14 — Босковен | 0,72 | Границата минува низ 13 живеалишта. |
H15 — Босковен | 1,72 | Границата минува низ 16 живеалишта. |
H16 — Кајзерсхук - Орделсхе Страт | 4,42 | Границата минува низ куќа и три плевни. |
H17 — Молерит Хајде | 14,92 | Ненаселено подрачје на кое се протега дел од поранешната железничка линија Турнхаут-Тилбург, која денес е велосипедска патека. |
H18 — Де Манке Хорен | 2,92 | Се состои од обработливо земјиште. |
H19 — Де Пераутерс | 0,68 | Се состои од неколку бари и поле. |
H20 — Вурстенбос - Восенберг | 1,16 | Се состои од обработливо земјиште. |
H21 — Балбрухсхе Бемден | 1,18 | Се состои од обработливо земјиште. |
H22 — Де Вит Хахен | 0,26 | Јужно од селото Уликотен; зазема дел од поле; припадноста останала спорна (официјално неодредена) од 1830-тите сè до 1995 г. |
Образование
уредиВо Барле-Хертох има две училишта: „Де Флиндер“ и „Де Хоризон“.[7] Дели заедничка библиотека со Барле-Насау, каде вработените се од обете националности.[8]
Познати личности
уреди- Петрус Кристус — истакнат сликар од XV век
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Wettelijke Bevolking per gemeente op 1 januari 2018“. Посетено на 9 март 2019.
- ↑ Карта, слики и информации — Фронтерасблог (шпански)
- ↑ An Apology of Enclaves
- ↑ Историја на енклавите на Барле (холандски)
- ↑ „The Curious Case of Baarle-Nassau and Baarle-Hertog“. Amusingplanet.com. 6 ноември 2012. Посетено на 1 август 2014.
- ↑ 6,0 6,1 Whyte, Brendan (2004). "En Territoire Belge et à Quarante Centimètres de la Frontière" An historical and documentary study of the Belgian and Dutch enclaves of Baarle-Hertog and Baarle-Nassau. The University of Melbourne, School of Anthropology, Geography and Environmental Studies. ISBN 0-7340-3032-0.
- ↑ "scholen Архивирано на 24 ноември 2018 г.." Baarle-Hertog. посет. 6 јануари 2017 г
- ↑ "bibliotheek Архивирано на 24 ноември 2018 г.." Baarle-Hertog. посет. 6 јануари 2017 г
Надворешни врски
уреди„Барле-Хертох“ на Ризницата ? |
- Портал на Барле-Хертох (холандски)
- Карти на енклавите во Берле
- Страница за Барле на Јан С. Крог (англиски)
- Докторска дисертација за историската географија на енклавите на Барле[мртва врска] (англиски)
- Барле — Википатување (англиски)