Барле-Насау
Барле-Насау (холандски: Baarle-Nassau) — гратче и општина во покраината Северен Брабант, јужна Холандија. Населението брои 6.803 жители (2017). Местото е познато по сложената граница со Белгија која се состои од голем број мали белгиски ексклави, со неколку холандски противексклави во нив.
Барле-Насау Baarle-Nassau | |||
---|---|---|---|
општина | |||
Градскиот дом на Барле-Насау | |||
| |||
![]() Местоположба во Северен Брабант | |||
Земја | Холандија | ||
Покраина | Северен Брабант | ||
Површина[1] | |||
• Вкупна | 76,21 км2 (2,942 ми2) | ||
• Земјишна | 76,16 км2 (2,941 ми2) | ||
• Вода | 0,05 км2 (2 ми2) | ||
Надм. вис.[2] | 28 м | ||
Население (август 2017)[3] | |||
• Вкупно | 6.803 | ||
• Густина | 89/км2 (230/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Пошт. бр. | 5110–5114 | ||
Повик. бр. | 013 | ||
Мреж. место | baarle-nassau.nl |

Географија
уредиГраница со Барле-Хертох, Белгија
уредиОпштината е поврзана со белгиските ексклави на Барле-Хертох преку низа сложени граници. Барле-Хертох се состои од 26 одделни парцели, од кои речиси сите се физички неповрзани со самата Белгија на која ѝ припаѓаат. Општинско седиште на Барле-Хертох е Зондерајген, северно од белгиското гратче Мерксплас. Покрај него има и дваесет белгиски ексклави во Холандија и уште три парчиња долж холандско-белгиската граница. Воедно постојат седум холандски ексклави во рамките на белгиските ексклави (наречени противекслави). Шест од нив се во најголемата белгиска енклава, а седмата е во друга. Холандија има осма ексклава која е во соседен Хинховен на чисто белгиска територија.
Најмалата ексклава, наречена Де Ловерсхе Акерс (H7), е парцела со површина од само од 2.469 м2.
Целата состојба е производ на низа договори, продажби и размени склучувани помеѓу господарите на Бреда и војводите на Брабант во средниот век. Подрачјата со земјоделско земјиште и градби биле во состав на Брабант, а останатите делови ѝ припаѓале на Бреда. Ваквата распределеност е разјаснета и официјално доутврдена со Мастришкиот договор од 1843 г. склучен помеѓу Холандија и Белгија. Почнувајќи од во 1990-тите, практичниот живот во Барле е олеснет со пристапувањето на двете земји кон Европската Унија и склучувањето на Шенгенскиот договор.
Границата обележана на сите улици со железни клинци како туристичка знаменитост, но и за мештаните, кои вака секогаш знаат дали се наоѓаат во Белгија (Бартле-Хертог) или во Холандија (Барле-Насау). Поделбата се гледа и по броевите на куќите, кои имаат различни стилови, а до табличките неретко стојат и државни знаменца.
Населени места во општината
уреди- Барле-Насау (Baarle-Nassau, 5.330 жит.)
- Уликотен (Ulicoten, 1.110 жит.)
- Кастелре (Castelré, 140 жит.)
Список на енклави
уредиХоландски енклави
уредиСите овие енклави се во состав на општината Барле-Насау (Холандија).
Број и име[5] | Површина (ха) | Опис |
---|---|---|
N1 — Де Ловерсхе Акерс – Де Томелсхе Акерс | 5,36 | Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; опфаќа мешавина од живеалишта и обработливо земјиште; границата помеѓу N1 со H1 минува низ една градба. |
N2 — Де Томелсхе Акерс | 1,37 | Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; опфаќа 8 живеалишта. |
N3 — Де Томелсхе Акерс | 0,28 | Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N3 и H1 ја двои на два дела натоварната платформа продавница за алкохолни пијалаци. |
N4 — Де Ретсхе Акерс | 1,23 | Противенклава опколена белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N4 и H1 минува низ стовариште, со неискористено холандско земјиште зад него. |
N5 — Де Ретсхе Акерс | 1,92 | Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N5 и H1 минува низ салон за мебел, плевна и амбар. |
N6 — Хирле Страт | 1,45 | Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; се состои од обработливо земјиште со две живеалишта. |
N7 — Де Кастелајн | 0,58 | Противенклава опколена белгиската ексклава ексклава H8, во Барле-Хертох; зазема дел осд поле. |
N8 — Восенберг | 2,85 | Енклава од обработливо земјиште сместена во Зондерајген, Белгија, на помалку од 50 метри јужно од холандската граница. |
Белгиски енклави
уредиСите овие енклави се во состав на општината Барле-Хертох (Белгија) и се опколени од општината Барле-Насау (Холандија).
Број и име[5] | Површина (ха) | Опис |
---|---|---|
H1 — Ан хет Клостер Стратје - Хофдбрак - Ловерен - Де Босковенсхе Акерс - Де Ловерсхе Акерс - Де Томелсхе Акерс - Де Томел - Де Хирле Страт - Де Рет - Де Ретсхе Акерс - Хет Дорп - Де Капел Акерс - Де Кастелајн | 153,64 | Образува четворомеѓа со ексклавата H2; најголема белгиска ексклава; во себе опфаќа шест холандски (против)ексклави; се состои претежно од живеалишта, со околни обработливи површини и индустриско подрачје; границата минува низ поголем број градби; опфаќа дел од поранешната железничка линија Турнхаут-Тилбург, која денес е претворена во велосипедска патека. |
H2 — Де Ретсхе Акерс | 2,41 | Се состои од обработливо земјиште со една четворомеѓа на ексклавите H1 и H2 во средината на пченкарно поле. |
H3 — Де Ретсхе Акерс | 0,34 | Зазема дел од поле; границата минува низ една плевна. |
H4 — Де Ретсхе Акерс | 1,47 | Се состои од обработливо земјиште; границата минува низ куќа и три плевни. |
H5 — Де Капел Акерс | 0,92 | Се состои од обработливо земјиште со живеалиште. |
H6 — Хофдбрак | 1,74 | Земја со мешовита намена; границата минува низ фабрика со склад. |
H7 — Де Ловерсхе Акерс | 0,24 | Границата минува низ две живеалишта, како и по средината на една влезна врата, чија куќа има два различни броја. |
H8 — Босковен - Де Кастелајн - Де Орделсхе Страт | 41,87 | Втора белгиска ексклава по големина, опфаќа мешавина од живеалишта и обработливо земјиште; границата минува низ амбар, живеалиште и две мали претпријатија. |
H9 — Де Капел Акерс | 0,40 | Границата минува низ печатница со склад во индустриска месност. |
H10 — Де Орделсхе Страт | 0,65 | Се состои од обработливо земјиште. |
H11 — Де Орделсхе Страт | 0,93 | Се состои од обработливо земјиште. |
H12 — Босковен | 0,28 | Се состои од обработливо земјиште. |
H13 — Босковен | 1,53 | Границата минува низ 20 живеалишта. |
H14 — Босковен | 0,72 | Границата минува низ 13 живеалишта. |
H15 — Босковен | 1,72 | Границата минува низ 16 живеалишта. |
H16 — Кајзерсхук - Орделсхе Страт | 4,42 | Границата минува низ куќа и три плевни. |
H17 — Молерит Хајде | 14,92 | Ненаселено подрачје на кое се протега дел од поранешната железничка линија Турнхаут-Тилбург, која денес е велосипедска патека. |
H18 — Де Манке Хорен | 2,92 | Се состои од обработливо земјиште. |
H19 — Де Пераутерс | 0,68 | Се состои од неколку бари и поле. |
H20 — Вурстенбос - Восенберг | 1,16 | Се состои од обработливо земјиште. |
H21 — Балбрухсхе Бемден | 1,18 | Се состои од обработливо земјиште. |
H22 — Де Вит Хахен | 0,26 | Јужно од селото Уликотен; зазема дел од поле; припадноста останала спорна (официјално неодредена) од 1830-тите сè до 1995 г. |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Клучни бројки за соседствата“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 2 јули 2013. Посетено на 12 март 2014.
- ↑ „Postcodetool for 5111CC“. Actueel Hoogtebestand Nederland. Het Waterschapshuis. Архивирано од изворникот на 2019-01-07. Посетено на 28 април 2014.
- ↑ „Прираст на населението; региони по месеци“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 27 октомври 2017. Посетено на 27 октомври 2017.
- ↑ „Braam V.T.M.“. Gemeente Baarle-Nassau. Архивирано од изворникот на 29 април 2014. Посетено на 28 април 2014.
- ↑ 5,0 5,1 Whyte, Brendan (2004). "En Territoire Belge et à Quarante Centimètres de la Frontière" An historical and documentary study of the Belgian and Dutch enclaves of Baarle-Hertog and Baarle-Nassau. The University of Melbourne, School of Anthropology, Geography and Environmental Studies. ISBN 0-7340-3032-0.
Надворешни врски
уреди„Барле-Насау“ на Ризницата ? |
- Барле — Википатување (англиски)
- Портрал на Барле-Насау (холандски)
- Портал на Барле-Хертох (холандски)
- Карти на енклавите во Берле
- Страници за Барле-Насау и Барле-Хертох Архивирано на 27 декември 2005 г. (холандски)