Секира
(Пренасочено од Балтија (алатка))
Секира[1][2], балта[3][4], балтија[5][6] или балтак[7][8] — орудие, составено од сечило и од рачка, наменето за работа или за борба.
Секирата е орудие кое потекнува од древни култури низ целиот свет. Таа претставува едноставен механизам со кого што може да се споредува и проследува модернизацијата на човештвото низ вековите, најпрво камената доба па бронзената доба и потоа железната доба.
Употреби
уредиГлавните употреби на секирата биле обработување на дрво, користење како оружје или симболична употреба во обреди. Првите секири со рачки поврзани со камени глави потекнуваат од мезолитскиот период на каменото време 6000 години п.н.е. Со продлабочување на технологијата биле користени материјали како бронза, железо и челик.
Секирата како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Внимателно со секирата, Јуџин“ (англиски: Careful With That Axe Eugene) — песна на британската рок-група „Пинк Флојд“ (Pink Floyd) од 1969 година.[9]
- „Мала секира“ (англиски: Small Axe) — песна на Боб Марли енд д Вејлерс (Bob Marley and the Wailers) од 1973 година.[10]
Наводи
уреди- ↑ „секира“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „секира“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „балта“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „балта“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „балтија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „балтија“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „балтак“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „балтак“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Youtube, Pink Floyd - Careful With That Axe Eugene (пристапено на 15.5.2019)
- ↑ Youtube, Bob Marley - Small Axe (пристапено на 15.5.2019)
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |