Бад Лар
општина во Германија
Бад Лар (до 1975 година: Лар; германски: Bad Laer) — општина во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Поради бањски области во општинските единици Хардензетен, Мишен, Вестервиде и Винкелзетен, општината од 1975 година е признато одморалиште и лековита бања.
Бад Лар | |
Црквата „Св. Богородица“ во Бад Лар | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Оснабрик |
Месни единици | 6 |
Градоначалник | Тобијас Аверман (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 46,85 км2 |
Надм. височина | 79 м |
Население | 9.221 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 197 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OS |
Пошт. бр. | 49196 |
Повик. бр. | 05424 |
Портал | www.bad-laer.de |
Местоположба на Бад Лар во рамките на округот Оснабрик | |
Координати | 52°06′11″N 8°05′21″E / 52.10306° СГШ; 8.08917° ИГД |
На 1 мај 1981 година, општината Гландорф е одвоена од Бад Лар и станала самостојна општина.
Географија
уредиМестоположба
уредиБад Лар се наоѓа на преминот од Тевтобуршката Шума во Оснабрички крај со граница кон Минстерски крај и со Источна Вестфалија. Највисока точка е Клајне Берг со височина од 208 метри.
Општински единици
уредиВо состав на општината влегуваат следниве единици (состојба 2006 г.):
- Хардензетен (783)
- Лар (5740)
- Мишен (830)
- Ремзеде (1149)
- Вестервиде (419)
- Винкелзетен (341)
Соседни општини
уредиБад Лар се граничи со следниве општини:
- на север со Бад Ибург
- на исток со Хилтер на Тевтобуршката Шума и Бад Ротенфелде
- на југ со Ферсмолд и Засенберг
- на запад со Гландорф
Галерија
уреди-
Страничен поглед на црквата во Бад Лар
-
Католичката црква во Ремзеде
-
Фахверк куќа во Бад Лар
-
Железничката станица