Минстер (административен округ)

(Пренасочено од Минстерски крај)

Минстер е еден од петте административни окрузи во Северна Рајна-Вестфалија, Германија, кој се наоѓа на северот на покраината и е наречен по градот Минстер. Тој ја вклучува територијата, која во средновековието била позната како Драјнгау.

Минстер
Münster
Административен округ
Карта на North Rhine-Westphalia со округот Минстер
Карта на North Rhine-Westphalia со округот Минстер
ЗемјаГерманија
Сој. покраинаСеверна Рајна-Вестфалија
Админ. центарМинстер
Површина
 • Вкупна6.904,93 км2 (266,601 ми2)
Население (31 декември 2023)[1]
 • Вкупно2.678.417
 • Густина3,9/км2 (10/ми2)
Мреж. местоbezreg-muenster.nrw.de

Округот Минстер ги опфаќа главно руралните земји од Минстерскиот крај (Münsterland, Минстерланд), кој е позната по неговите замоци, на пример: Нордкирхенскиот и Ахаус. Округот нуди повеќе од 100 замоци, сите поврзани со велосипедска патека (100 Шлесер Рут/100 Schlösser Route).

Всушност, наједноставниот пат да го откриете Минстерланд е со велосипед. Најголемиот рамен предел со неговите архитектонски и културни богатства повикува на велосипедизам, за амбициозните патно возење (на пример:Минстерланд Џиро-трка) и релаксирани тури на земјени рурални патишта, Pättkes (мали патеки). Создадени се над 4.500 км долга мрежа на велосипедски патеки не се единствените најпопуларни рути, туку исто така има и мали и горени кружни тури низ округот. Софистицираната инфраструктура за велосипедистите со фарми Бед & Бајк, навигациони системи и сервис-станици го прават Минстерланд велосипедски рај.

Историјата на округот датира од 1815, кога еден од првичните 25 окрузи замислени како поделба на покраините на Прусија. Најголемата реорганизација на окрузите била направена во 1975, кога бројот на окрузи бил намален од 10 на 5 и бројот на слободните градови од шест на три.

Окрузи
Kreise
Слободни градови
Kreisfreie Städte
  1. Боркен
  2. Косфелд
  3. Реклингхаузен
  4. Штајнфурт
  5. Варендорф
  1. Ботроп
  2. Гелзенкирхен
  3. Минстер

Клима

уреди

Климата е главно морска, под влијание на Голфската струја. Температурите над 30°C за време на летото се ретки. Но, исто така, температурите во зима под нула се ретки.

Знаменитости

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 20 јуни 2024. (германски)

Надворешни врски

уреди

52°00′N 7°30′E / 52.0° СГШ; 7.5° ИГД / 52.0; 7.5