Бабадук
Бабадук (англиски: The Babadook) — австралиски филм на ужасите од 2014 г. во режија и сценарио на Џенифер Кент. Главната улога ја имала Еси Дејвис. Филмот е произведен од Causeway Films и е заснован на краткиот филм Чудовиште (англ. Monster) од 2005 г., исто така напишан и режиран од Џенифер Кент. Филмот бил претставен на кинофестивалот Санденс и добил потврдни одзиви од кинокритичарите.[4][5]
„Бабадук“ | |
---|---|
Плакатот на македонски | |
Режисер | Џенифер Кент |
Продуцент |
|
Главни улоги |
|
Музика | Џед Курзел |
Кинематографија | Радек Ладчук |
Монтажа | Сајмон Њу |
Студио |
|
Дистрибутер | Umbrella Entertainment |
Премиера | 17 јануари 2014 г. (Sundance) 22 мај 2014 г. (Австралија) |
Времетраење | 94 минути[1] |
Земја | Австралија |
Јазик |
|
Буџет | 2 милиони долари[2] |
Бруто заработка | 10,5 милиони долари[3] |
Содржина
уредиВдовицата Амелија Ванек поминува низ тешки времиња со нејзиниот син Семјуел. Нејзиниот сопруг Оскар загинал во сообраќајка додека ја возел до болницата. Семјуел почнува да се однесува чудно, страда од несоница и е обземен од измислени чудовишта, поради што прави разни оружја. За да го смири една вечер, Амелија решава да му прочита приказна пред спиење. Тоа е скокачка сликовница за Г. Бабадук. Меѓутоа, тогаш работите почнуваат да се усложнуваат...
Наводи
уреди- ↑ „The Babadook“. British Board of Film Classification. 14 October 2014. Посетено на 24 September 2022.
- ↑ „The Babadook“. The Numbers. Посетено на 9 August 2015.
- ↑ „The Babadook (2014)“. Box Office Mojo. Посетено на 24 September 2022.
- ↑ Eden Caceda (2013-12-09). „Two Aussie Features Selected For Sundance“. Filmink (англиски). Архивирано од изворникот на 2015-06-27.
- ↑ David Rooney (2014-01-21). „The Babadook: Sundance Review“. The Hollywood Reporter (англиски). Архивирано од изворникот на 2014-12-16. Посетено на 2015-01-06.
Надворешни врски
уреди„Бабадук“ на Ризницата ? |
- Бабадук на Семрежната филмска база на податоци (англиски)