Аџи Евка Зафирова

Аџи Евка Зафирова (момиско: Константинова; Ерусалим, 1820-титеВелес, 1918) — македонска професорка и просветителка за време на македонската национална преродба. Евка Зафирова е сестра на македонскиот писател и автор Јордан Хаџи Константинов-Џинот.

Аџи Евка Зафирова
Слика од куќата на Аџи Евка, дел од старата велешка населба Прцорек.
Роден(а)Аџи Евка Константинова
1820-тите
Ерусалим, Отоманско Царство
Починал(а)1918
Велес, Кралство СХС
ПочивалиштеСв. Спас
РодниниЈордан Хаџи Константинов-Џинот

Животопис

уреди

Евка Зафирова е родена во еврејскиот град Ерусалим, тогаш дел од Отоманското Царство. Таа била родена кога нејзините родители Константин Георгиев и Милица Георгиева патувале во Израел за аџилак, заради тоа кога била родена си ја доби наставка „Аџи“ во нејзиното име.[1] Евка Зафирова била родена во сиромашна фамилија, нејзинот татко работел како клисар во црквата св. Спас додека нејзината мајка работела дома. Константин Георгиев имал пет деца, Аџи Евка, Јордан Константинов, Марија Константинова, Аџи Петруш Константинов и Аџи Георги Константинов.[2]

Таа редовно соработувала со нејзинот брат Јордан Константинов со ширењето на македонскиот народен јазик. Во 1837 година во црквата Свети Ѓорѓи, Велес било отворено првото македонско училиште каде што предмети биле предадени во македонски народен јазик, Евка Зафирова работела во школото како професорка. Аџи Евка била многу религиозна низ нејзинот живот, кај нејзината куќа имала соба со икони на ѕидовите со потекло од црквите во Ерусалим. Домот на Зафирова била блиску до велешката црква Свети Ѓорѓи.[2]

Евка Зафирова исто така му помогнал на Џинот со организирањето на неговата приватна библиотека во неговиот дом. Некаде во 1850 или 1860-тите се омажила со велешанецот Зафир Кусиангелков, таа се омажила со него кога била околу 30 до 35 години.[2] После тоа таа прекинала да работи како професорка во школото на нејзинот брат и продолжила да работи дома. После неколку деценија си ја продадоа куќата и ја купил Ангел Шурков, еден од постарите браќа на Андон Шурков. Еден од нејзините внуци Илија Панев Зафиров во 1947 година ги предал книгите што биле на Аџи Евка којшто ги добила од нејзинот брат кај велешкиот музеј.[2] Во 1918 година починала, според некој наводи била закопана во Св. Спас но местоположбата на нејзинот гроб не се знае.

Наводи

уреди
  1. Поленаковиќ, Харалампие (1989). Izbrani dela: Vo ekot na narodnoto budenje. Makedonska kniga. стр. 200.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Шоптрајанов, Георги (1949). Библиотеката на Јордан Хаџи Константинов Џинот, придонес кон проучување на културната преродба во Македонија (PDF). УКИМ. стр. 33, 35.