Ајашли Исмаил-паша
Ајашли Исмаил-паша (познат и како Нишанџи Исмаил Ќемалетин-паша; 1620 – април 1690) — краткорочен отомански голем везир во 1688 година.
Нишанџи Ајашли Исмаил Ќемалетин Паша | |
---|---|
Голем везир на Отоманското Царство | |
На должноста 2 март 1688 – 2 мај 1688 | |
Монарх | Сулејман II |
Претходник | Абаза Сијавуш-паша |
Наследник | Бекри Мустафа-паша |
Лични податоци | |
Роден(а) | Исмаил Ќемалетин 1620 Ајаш, Отоманско Царство (денес Турција) |
Починал(а) | 18 април 1690 Родос, Отоманско Царство (денес Грција) | (возр. 69–70)
Националност | Отоманец |
Вероисповед | Сунит Ислам |
Почетоци
уредиРоден е во Ајаш (денешна покраина Анкара, Турција) во 1620 година. Откако работел како бирократ на повеќе служби, hсе пензионирал како управител на Румелија (источна Тракија). Сепак, се вратил во служба во 1678 година како нишанџи.[1] Бил опишуван како некултурен, што во тој период било некарактеристично за Отоманското Царство.
Како голем везир
уредиОтоманското Царство во овј период било во скапа војна со земјите од Светиот сојуз или попозната како Голема турска војна. По низата на воени неуспеси, Цариград, главниот град на царството западнал во хаос. Од страна на бунтовниците бил убиен големиот везир Абаза Сијавуш-паша, и Ајашли Исмаил-паша бил назначен за привремен голем везир за период од една недела. На 2 март 1688 година, тој бил назначен за голем везир од страна на султанот Сулејман II. Но сепак, неговото назначување било кусо (траело само 61 ден). За време на неговото управување, се обидел да ја спречи корупцијата, стекнувајќи голем број на непријатели во палатата. Негов најголем непријател бил Ќопрулу Фазил Мустафа-паша (иден голем везир), кој бил зер на покојниот везир Абаза Сијавуш-паша. По силните напори на Фазил Мустафа-паша, Исмаил-паша бил отстранет од службата од страна на султанот Сулејман II на 2 мај.[2]
Смрт
уредиИсмаил-паша бил затворен во Кавала (денес Грција) а подоцна и протеран на островот Родос (денес Грција). Како голем везир, Ќопрулу Фазил Мустафа-паша го обвинил Ајашли Исмаил-паша дека го зграбил богатството на Абаза Сијавуш-паша и го барал назад за да му даде помилување. Ајашли Исмаил-паша ги отфрлил овие обвиненија, по што Фазил Мустафа-паша го погубил во април 1690 година.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ayaş page (турски)
- ↑ Ayhan Buz: Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, İstanbul, 2009, ISBN 978-975-254-278-5
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Абаза Сијавуш-паша |
Голем везир 2 март 1688 – 2 мај 1688 |
Наследник Бекри Мустафа-паша |