Аце Јаковчев Ристески ( 1922 во Малкоец, Кичевско8 мај 1944 во Малкоец, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен обележје за паднатите борци и цивилни жртви во и од Малкоец, меѓу кои е ѝ името на Аце Ристески.

Животопис

уреди

Потекнувал од селско сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште останал во селото да се занимава со земјоделие и сточарство. За време на НОВ, како напреден младинец, бил организнран од партиските активисти во селото ѝ во летото 1943 година почнал активно да работи за НОВ. Прибирал храна и оружје за потребите на Одредот. Таа активност ја продолжил и во пролетта 1944 година, но во Пролетната офанзива бил фатен од окупаторот ѝ на 8 мај 1944 година стрелан во селото.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 94.