Скуша
Скуша (науч. Scomber scombrus; меѓународно: „атлантска скуша“) — риба од родот скуша (Scomber) во семејството на скушите (Scombridae) што живее на обете страни од Северниот Атлантски Океан, Средоземното, Црното и Северноледениот Океан.
Скуша | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Животни |
Тип: | Хордови |
Класа: | Зракоперки |
Ред: | Кострешовидни |
Семејство: | Скуши |
Род: | Скуша |
Вид: | Скуша |
Научен назив | |
Scomber scombrus Linnaeus, 1758 |
Ги населува отворените студени води и се движи во големи јата близу површината. Презимува во подлабоки води, а напролет доаѓа во поплитко, кога температурата ќе достигне 11–14 °C. Се храни со помали риби и ракчиња.
Машките и женските единки растат со иста стапка и живеат највеќе 20 години, достигнувајќи до 47 см. Полово созреваат на возраст од три години.
Во исхраната
уредиХранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 858 kJ (205 kcal) |
0 г | |
14 г | |
19 г | |
Витамини | |
Витамин А (екв.) | (6 %) 50 μг |
Холин | (13 %) 65 мг |
Витамин Д | (107 %) 643 МЕ |
Минерали | |
Калциум | (1 %) 12 мг |
Железо | (13 %) 1,63 мг |
Магнезиум | (21 %) 76 мг |
Фосфор | (31 %) 217 мг |
Калиум | (7 %) 314 мг |
Цинк | (7 %) 0,63 мг |
Други состојки | |
Вода | 64 г |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Скушата е мошне барана риба и се јаде зготвена или свежа како сашими. Има црвено место и силен вкус. Содржи многу големо количество на витамин Б12 и масни киселини омега 3 — речиси двојно повеќе од лососот.
Конзервираната скуша ужива популарност во Скандинавија и Велика Британија. Се продава во доматен сос, во саламура или во масло.
Оваа риба е одличен извор на фосфатидилсерин и содржи 480 мг на секои 100 гр тежина. Во најново време оваа супстанција се истражува како ублажувач на здравствени пореметувања како хиперкинетичко растројство и Алцхајмерова болест.
Наводи
уреди- „Scomber scombrus“. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 18 април 2006. (англиски)
- Фрез, Рене и Поли, Даниел, уред. (2006). "Scomber scombrus" — FishBase. јануари 2006 г.
- Скуша — NOAA FishWatch посет. 11 ноември 2012 г
Надворешни врски
уреди„Скуша“ на Ризницата ? |
„Скуша“ на Викивидовите ? |
- Рецепти со скуша на разни начини Архивирано на 3 октомври 2013 г. — „Кулинар“ (македонски)
- Скуша — вкусно оружје против холестеролот Архивирано на 4 март 2016 г., Вест, 12 септември 2011 (македонски)
- „Скуша“ — Енциклопедија на живиот свет
- Стопански риболов и заштита на скушата Архивирано на 26 септември 2008 г. — Институт „Син океан“ (англиски)
Галерија
уреди-
Чадена скуша
-
Скуша во доматен сос
-
Свежа скуша на пазар