Атон
Атон во хиероглифи | ||||
|
Атон е дискот на сонцето во египетската митологија, и првобитно, аспект на богот Ра. Атон станал богот на првата монотеистичка — всушност, монистичка — религија, воведена од фараонот Аменхотеп IV, кој го зел името Ехнатон. Обожувањето на Атен престанало накратко по смртта на Ехнатон.
Преглед
уредиАтон била централната фигура во Ехнатоновата религија. Атон е називот кој значи сончев диск. Терминот Атон се користел со значење на диск, а бидејќи сонцето било диск, постепено почнал да се поистоветува со сончеви божества. Атон индиректно ја изразува живототворната сила на светлината. Полната титула на Ехнатоновиот бог била Рахор кој се радува во хоризонтот, во Неговото/Нејзиното име на Светлината која се гледа во сончевиот диск. (Ова е титулата кја се јавува на бројни стели поставени како граничници на Ехнатоновата нова престолнина Амарна.) Ова долго име често се скратувало во Ра-Хор-Атон или само Атон во многу текстови, но богот на Ехнатон има надмоќ и првенство, и се смета за синтеза од мошне древни богови гледани на нов и поразличен начин.
Одликите на Ра и Хор се дел од овој бог, но овој бог се смета за двополов. Сето она кое постои се смета дека е создадено како еманат на Атон и дека постои во рамките на тој бог. Богот не се прикажувал фо антропоморфна (човечка) форма, туку како зраци кои излегуваат од сончевиот диск. Покрај ова, името на богот се пишувало во картуш, заедно со титулите кои обично му се давале на фараонот - што претставува друг раксрст со древните традиции.
Атон за прв па се јавува во текстови кои датираат од XII династија, во Приказната за Синухет. Ра-Хор, обично нарекуван Ра-Херахти (Ра, кој е Хор на двата хоризонта), е синтеза од два други бога, за кои знаеме дека постоеле од многу одамна. За време на Амарнскиот период, оваа синтеза се сметала за невидливиот извор на енергија на богот-сонце, чие видлив приказ бил Атон, сончевиот диск. Така Ра-Хор-Атон е производ на постепен ртазвој на стари идеи. Вистинската промена е очигледното напуштање на сите други богови и воведувањето на монотеизам. Ова е лесно воочиливо од Великата химна на Атон.
Кралски титули
уредиЗа време на Амарнскиот период на Атон ми биле дадени кралски титули (бидејќи се смета за крал на сѐ и сите), испишани во картуш. Постоеле два облика на неговата титула, од кои првиот ги носел имињата на други богови, а вториот и подоцнежен бил 'единствен' и се однесувал само на самиот Атон. Раниот облик бил Ре-Хорахти кој се радува во Хоризонтот, во неговото име Шу кој е Атон. Подоцнежната форма е Ре, владетел на двата хоризонта кој се радува во Хоризонтот, во неговото име на светлината кое е Атон.
Алтернативни преводи
уредиНа високиот, за разлика од нискиот релјеф, сончевиот диск е сферичен (видете ја ислустрацијата во статијава), па така стручњакот Хју Нибли тврдел дека правилен превод би било „топка“ или „сфера“. Постои можност оваа сфера всушност да прикажува око. Во другата рана монотеистичка религија, Зороастризмот, сонцето се нарекува окото на Ахура Мазда.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- Цитати
- ↑ Хиероглифите можат да се најдат во „Collier and Manley стр. 29“
- Општи
- Collier, Mark and Manley, Bill. How to Read Egyptian Hieroglyphs: Revised Edition. Berkeley: University of California Press, 1998.
Архитектура | Уметност | Хронологија | Династии | Географија | Историја | Математика | Медицина | Религија | Фараони | Луѓе | Јазик | Градови | Пишување | Египтологија | Египтолози | Портал:Египтологија |