Во епистемологијата и во најширока смисла, рационализaм е „секое гледиште кое се повикува на разумот како извор на знаењето.“ [1] Во техничка смисла, тоа е метод или теорија „во која критериумот за вистината не е сетилен туку интелектуален и дедуктивен“.[2] Разни степени на примена на овој метод водат кон различни рационалистички гледишта, од умерените дека „разумот има предимство пред другите начини за стекнување на знаењата“, до радикалните позиции дека „разумот е единствен пат до знаењето“.

Во Западната филозофска традиција, рационализмот започнал во Стара Грција со елеатиците, питагорејците и Платон, чии теории за самодоволноста на разумот станале лајтмотив за неоплатонизмот и идеализмот.

Попознати претставници на рационализмот се Сократ, Платон, Рене Декарт, Готфрид Лајбниц и Имануел Кант.

Наводи уреди

  1. Lacey, A.R. (1996). A Dictionary of Philosophy. London.
  2. Bourke, Vernon J. (1962). Rationalism.

Надворешни врски уреди