Стојан Иванов Антов (понекогаш Антонов) — македонски револуционер, тиквешки војвода во Внатрешната македонска револуционерна организација.[1]

Стојан Антов
Роден 1884
Починал 8 ноември 1921

Биографиja

уреди

Роден е во 1884 година во тиквешкото село Мрзен Ораовец, тогаш Османска Империја, денес во Република Македонија. Се стекнал со прогимназиално образование. По Втората балканска војна во летото 1913 година станал војвода во Тиквешко заедно со Атанас Калчев. Подоцна дејствувал во Кочанско.

По Првата светска војна учествува во реконструкцијата на револуционерната организација и од 1919 година е војвода во Тиквеш [2]. Иван Михајлов за Антов и Калчев напишал:

Калчев беше храбар човек, но малку груб и необразован. Стојан Антов беше исто така храбар, но прилично бурен човек, иако неговото образование не беше големо. [3]


Антов е убиен на 8 ноември 1921 година од страна на органите на полицијата при конфликтот на ВМРО со Владата на БЗНС.[4]

Наводи

уреди
  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 11
  2. Николов, Борис Ј. Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација. Војводи и раководители (1893-1934). Биографски-библиографски директориум, Софија, 2001, стр 10.
  3. Михајлов, Иван. Спомени II. Ослободителна борба 1919 - 1924, Лев, 1965, стр 154.
  4. Михајлов, Иван. Спомени II. Ослободителна борба 1919 - 1924, Лев, 1965, стр 709.