Атанасовско Езеро
Атанасовското Езеро или Атанасово Езеро ― солено крајбрежно езеро северно од Бургас, Бугарија, кое се наоѓа во директна близина на Црното Море. Езерото е долго околу 5 километри и поделено на два со песочен појас во средината. Езерото е особено познато по разновидноста на својата флора и фауна и е опкружено со мочуришта и канали кои го испуштаат целиот месен слив во морето.
Природен резерват Атанасовско Езеро | |
---|---|
МСЗП —живеалиште/подрачје под управа со видови) | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value | |
Место | близу до Бургас и Црното Море, Област Бургас, Бугарија |
Најблизок град | Бургас |
Координати | 42°34′55″N 27°28′12″E / 42.58194° СГШ; 27.47000° ИГД |
Воспоставен(а) | 1980 |
Службен назив: Атанасовско Езеро | |
Прогласено: | 28 ноември 1984 |
Број | 292[1] |
Поради високата содржина на сол во Атанасовското Езеро која секоја година се зголемува поради поврзаноста со морето, солта во него се произведува уште од 1906 година, при што годишно се произведуваат 40.000 тони морска сол. Северниот дел на езерото, природен резерват од 1980 година, е поврзан со канал со Црното Море, додека помалиот јужен дел, кој најмногу се користи за производство на сол, служи како тампон зона за резерватот. Патот што ја поврзува Варна со Бургас минува низ песочниот појас на средината на езерото.
Екологија
уредиЕзерото е дом на над 230 видови васкуларни растенија, од кои 7 се загрозени во Бугарија. Населен е и со етрурска ровка, најмалиот цицач по маса. Атанасовското Езеро е една од клучните орнитолошки места во земјата, со 314 видови птици, 70% од сите видови птици во Бугарија. Дванаесет од нив се светски загрозени, вклучително и малиот корморан, црвеноградата гуска, црниот кожувар, кадравиот пеликан и прдавецот. Седумнаесет месни видови птици кои се во опасност од исчезнување во Бугарија исто така живеат во езерото, вклучувајќи го и речната рибарка и средоземниот галеб. Високиот број на птици се должи на местоположбата на езерото на важната рута за преселба на птиците по Виа Понтика. Населението на птици е најголема за време на есенската преселба.
Од август 2019 година, Атанасовското Езеро е дом на најголемата колонија на фламинга во Бугарија, која брои 159 единки, што пораснала од 126 во есента 2018 година. Засега птиците не се гнездат и не се размножуваат на местото, но се очекува тоа да се случи.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Atanasovo Lake“. Информативна служба за рамскарски места. Посетено на 29 јануари 2022.
- ↑ „Lake Atanasovsko Nature Reserve“. Посетено на 29 December 2018.
- ↑ „Flock of pink flamingos settled in Lake Atanasovsko near Bulgaria's Bourgas“. BNT News. Bulgarian National Television. 20 август 2019. Посетено на 29 јануари 2022.