Асен Шурдов (псевдоним: Ведров; 16 јуни 1914 во Видин4 мај 1945 во Софија) — македонски поет, преведувач и новинар.[1]

Асен Шурдов
Роден Асен Шурдов
16 јуни 1914
Видин,  Бугарија
Починал 4 мај 1945(1945-05-04) (возр. 30)
Софија,  Бугарија
Националност Македонец
Познат основач на Македонски литературен кружок
Занимање поет, преведувач, новинар

Животопис

уреди

Студирал книжевност на Софискиот универзитет.

При крајот на октомври 1938 година, во неговиот стан на улицата „Љулин“ бр. 20 во Софија било одржано Основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок.

Неговата поезија е силен социјален протест против капиталистичкото општество, со верба во посреќната иднина на работниот народ, но и љубов кон поробената и распарчената татковина Македонија.

Објавувал во весниците „Жар“, „Младешки преглед“, „Академик“, „Литературен критик“, „Нова камбана“, „Современик“ и „Жажда“. Подготвената стихозбирка за печат била уништена во 1939 година.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шундовски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1670. Text "series " ignored (help)