Асгримур Јонсон
Асгримур Јонсон (исландски: Ásgrímur Jónsson; 4 март 1876 - 5 април 1958) ― исландски сликар и еден од првите во земјата што ја направил уметноста како професионален живот.
Студирал на Кралската академија во Копенхаген помеѓу 1900 и 1903 година и многу патувал по дипломирањето. Темите на неговите слики претежно биле пејзажите на неговата родна земја, особено планините. Неговиот стил на сликање е сличен на француските импресионисти како сликарот Коро. Некои од неговите слики исто така илустрираат исландски саги и народни приказни.
Бил познат и по неговите мурали во различни цркви во Исланд. Голем број негови дела се изложени во Националната галерија на Исланд. Асгримур влијаел на многу уметници во Исланд, вклучувајќи го и Јоханес Свеинсон Кјарвал. Кратко време пред да умре, тој ја подарил својата куќа (која се наоѓала на улица „Бергштатастрети“ (Bergstaðastræti) бр. 74, Рејкјавик) на исландската влада заедно со сите оние слики што во тоа време биле во негова сопственост. Во нејзе имало 192 слики во масло и 277 слики цртани со водени бои заедно со голем број недовршени слики кои датирале од различни периоди во неговиот живот. Неговата куќа сега е наречена Збирката на Асгримур Јонсон, и е дел од Националната галерија на Исланд.[1]
За време на неговиот живот, Асгримур бил почестен на многу начини. Тој бил прогласен за почесен професор на Исландскиот универзитет, а во 1933 година бил прогласен за голем витез на исландскиот Ред на соколот. Тој бил почесен член на Кралската шведска академија на ликовните уметности и витез од Данеброг, прва класа.
Починал во 1958 година и бил погребан на гробиштата на црквата „Гаулверјабејар“ во Флоарепур.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Ásgrímur Jónsson Collection“. Посетено на 7 јануари 2024.
- ↑ „Menningarferð um Flóahrepp - Flóahreppur“. Архивирано од изворникот на 2022-02-11. Посетено на 2024-01-07.
Дополнителна книжевност
уреди- Олафур Кваран и Карла Кристјансдотир (уредници), Confronting Nature: Icelandic Art of the 20th Century, Национална галерија на Исланд, Рејкјавик, 2001 година.
- Асгримур Јонсон. Томас Гудмундсон, издадена од Хелгафел, Рејкјавик, 1962 година.