Архангелска катедрала
Архангелската катедрала (руски: Архангельский собор) е катедрала која се наоѓа во Московскиот Кремљ во Русија. Христијанскиот храм бил изграден во периодот од 1505 до 1508 година. Како главен архитект на проектот бил избра италијанецот Алевиз Фријазин Нови.[1]
Архангелска катедрала Архангельский собор | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Москва, Русија |
Припадност | православие |
Епархија | Московски Кремљ |
Осветен | 1508 |
Водство | Руска Православна црква |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Алевиз Фријазин Нови |
Архитектонски стил | руска архитектура |
Катедралата била изградена на местото на друг христијански објект, кој датирал од 1333 година. Црквата содржи фрески кои датираат од 16 век и 17 век. Дел од овие икони се насликани од страна на Јаков Казански, Јосиф Владимиров во периодот од 1652-1666 година. Ѕидовите во катедралата биле под големо влијание на италијанската ренесанса.
Во овој храм биле погребени неколку руски цареви и кнезови, до 17 век. Овде биле погребени Иван I Московски, Дмитриј Донски, Иван III Василевич, Иван Грозни, Петар II Руски итн.