Артур Мекдоналд
Артур Брус Мекдоналд (англиски: Arthur Bruce McDonald; р. 29 август 1943) — канадски астрофизичар, професор и директор на институтот „Неутринска опсерваторија Садбери“ (SNOLAB). Работи како шеф на катедрата по астрочестична физика на Краличиниот универзитет („Квинс“) во Кингстон, Онтарио.
Артур Мекдоналд Arthur B. McDonald | |
---|---|
Артур Мекдоналд во 2008 г. | |
Роден(а) | Артур Брус Мекдоналд 29 август 1943[1] Сиднеј, Нова Шкотска, Канада |
Живеалиште | Кингстон, Онтарио, Канада |
Националност | Канаѓанец |
Полиња | астрофизика |
Установи | Принстонски универзитет Краличин универзитет |
Образование |
|
Теза | „Енергиите на возбудување и распадните својства на состојбите T = 3/2 кај 17O, 17F и 21Na.“ (1970) |
Познат по | решавање на проблемот со сончевите неутрина |
Поважни награди |
|
Страница | |
Атрут Б. Мекдоналд |
Во 2015 г. ја добил Нобеловата награда за физика заедно со јапонскиот научник Такаки Каџита.
Младост
уредиМекдоналд е роден во Сиднеј, Нова Шкотска[3] Дипломирал физика на универзитетот „Далхаузи“ во 1964 г. а следната година таму и магистрирал.[4] Докторирал на Калифорнискиот технолошки институт во САД.[5]
Академска кариера
уредиОд 1970 до 1982 г. Мекдоналд работел како истражувач во јадрената лабораторија „Чок Ривер“ северозападно од Отава. Потоа станал професор по физика на Принстонскиот универзитет (Њу Џерси, САД), каде се задржал сè до 1989 г., кога се префрлил да предава на Краличиниот универзитет во Нова Шкотска. Покрај профеесорството, Мекдоланд е на функцијата Шеф на универзитетските истражувања и членува во одборот на Институтот за теориска физика „Периметер“ во Вотерлу, Онтарио.[4][6][7]
Истражувачка работа
уредиМекдоналд покажал особен интерес кон прашањето дали неутрината имаат маса. Постоењето на маса кај овие честички се опитно се претпоставува уште од крајот на 1960-тите години. Сепак, теоретските модели предвидуваат дека на Сонцето произведува огромен број на неутрони, но инструментите на Земјата постојано покажувале помал број од очекуваниот. Општоприфатеното образложение за ова е фактот што апаратурата е чувствителна само на електронски неутрина, но не и на мионски и тау-неутрина. Затоа, научниците претпоставувале дека неутрината што недостасуваат попатно се имаат изменето, или имаат осцилирано, во варијанта што направите не можат да ја „уловат“. Според законите на квантната механика, неутриното осцилира, тогаш тоа мора да има маса.[6]
Во август 2001 г. Мекдоналд започнал со работа во Неутринската опсерваторија во Садбери (SNO), чиј откривач на честички е сместен во рудник 2,1 км под земја. Непосредните набљудувања укажале на тоа дека електронските неутрина од Сонцето навистина осцилирале во мионски и тау-неутрина. Наодите потоа се објавени во угледното научно списание Physical Review Letters (13 август 2001) и добиле големо внимание од научната јавност како наоди од исклучителна важност. Во 2007 г. Мекдоналд и Јоџи Тоцука за оваа работа биле наградени со медалот „Бенџамин Френклин“ за откритието дека на доволно долги растојанија, трите вида на неутрина се преобразуваат едно во друго и дека неутрината имаат маса.[5] За истото откритие Мекдоналд, заедно со Такаки Каџита, ја добил Нобеловата награда за физика во 2015 г.
Награди и почести
уреди- 2006 — Офицер на Редот на Канада[8]
- 2009 — Член на Кралското друштво на Британија[2]
- 2011 — Медал „Хенри Маршал Тори“ на Кралското друштво на Канада како признание за „големата чест и интелектуалното богатство што ѝ ги донел на Канада“.[9]
- 2015 — Нобелова награда за физика заедно со Такаки Каџита за откриваањето на неутринските осцилации, со која се покажува дека неутрината имаат маса.[10]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 McDONALD, Prof. Arthur Bruce. Who's Who. 2015 (Oxford University Press. изд.). A & C Black, an imprint of Bloomsbury Publishing plc. (бара претплата)
- ↑ 2,0 2,1 https://royalsociety.org/people/arthur-mcdonald-11924/
- ↑ „Past Winner 2003 NSERC Award of Excellence McDonald“. Natural Sciences and Engineering Research Council of Canada. Посетено на 2012-09-21.
- ↑ 4,0 4,1 „CV Arthur B. McDonald“ (PDF). www.queensu.ca. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-11-06. Посетено на 2015-10-07.
- ↑ 5,0 5,1 „Arthur B. McDonald“. www.fi.edu. The Franklin Institute. Посетено на 6 October 2015.
- ↑ 6,0 6,1 „Interview with Arthur B. McDonald“. Архивирано од изворникот 2007-11-17. Посетено на 2007-11-02.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-10-07. Посетено на 2015-10-07.
- ↑ „Order of Canada citation“.
- ↑ „Henry Marshall Tory Medal“. Royal Society of Canada. Архивирано од изворникот на 2012-03-11. Посетено на 2012-09-21.
- ↑ „The Nobel Prize in Physics 2015“. www.nobelprize.org.