Артански мост
Артанскиот мост или Мост на Арта (грчки: Γεφύρι της Άρτας) ― камен мост што ја минува реката Арахтос (Άραχθος) западно од градот Арта (Άρτα) во Грција. Бил обновен многупати низ вековите, почнувајќи од римски или можеби постари темели; сегашниот мост веројатно е отоманска градба од 17 век.
Артански мост Γεφύρι της Άρτας | |
---|---|
Артанскиот мост | |
Координати | 39°09′06″N 20°58′29″E / 39.15167° СГШ; 20.97472° ИГД |
Носи | пешаци (пешачки мост) |
Преминува | Арахтос |
Место | Арта, Грција |
Сопственик | Министерство за култура и спорт |
Особености | |
Материјал | Камен |
Ширина | 40 м |
Висина | м | 20
Распони | 4 |
Носачи во вода | 5 |
Историја | |
Завршен | 1612 |
Местоположба | |
Народната балада „Артански мост“ раскажува приказна за човечки жртви за време на неговото градење. Од баладата произлегле голем број на грчки поговорки и обичајни изрази, поврзани со бескрајни одложувања, како во текстот на баладата: „Цел ден го градеа, а во ноќта ќе се рушеше“.
Историја
уредиСпоред епирскиот хроничар Панајотис Аравантинос, мостот првпат бил изграден во времето на Римската Империја. Некои традиции велат дека бил повторно изграден кога Арта станала престолнина на Епирското Деспотство, веројатно под водство на Михаил II Дука (вл. 1230–1268). Сегашниот мост е отомански, веројатно од 1602-06 или можеби 1613 година.[1] Од анексијата на Арта во 1881 година до избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, највисоката точка на мостот била границата помеѓу Отоманската Империја и Кралството Грција.[1]
Наводи
уреди
Извори
уреди- Артемис Леонтис, „The Bridge between the Classical and the Balkan“, The South Atlantic Quarterly 98 :4:625-631 (1999) во MUSE За разбирањето на местото на Артанскиот мостот во книжевниот пејзаж.
Надворешни врски
уреди- Arta Bridge — Structurae (англиски)
- Артански мост, на грчки