Опсикија (тема)
Опсикија (грч. θέμα Ὀψικίου) – тема на Византиското Царство во северозападна Мала Азија (денешна Турција). Една од првичните четири теми. По површина била најголема тема. Се наоѓала најблиску до византиската престолнина - Цариград. Во 8 век, на нејзина територија биле подигнати неколку востанија, па заради полесно управување била поделена истиот век на три помали теми.
Тема Опсикија Ὀψίκιον, θέμα Ὀψικίου | |||||
Тема на Византиското Царство | |||||
| |||||
Азиските теми во Византиското Царсто околу 780 година | |||||
Главен град | Анкара, потоа Никеја | ||||
Историски период | среден век | ||||
- | Воспоставување како тема | 640/660 | |||
- | Паѓање под Латините | 1234 | |||
Денес во | Турција |
Историја
уредиОпсикија била една од првичните четири теми, основани во 7 век. Името го носи по латинскиот збор Obsequium („придружба“), што се однесувало на единицте кои го придружувале византискиот цар во воените погохи. После големите порази кои Византијците ги претрпеле во 640-тите години после првиот бран муслимански освојувања, остатоците од војските од Блискиот Исток биле повлечени во Мала Азија и населени во четири големи теми од кои една била и Опсикија. Во состав на оваа тема се наоѓале областите Мизија, Витинија, делови од Галатија, Лидја и Пафлагонија, а се простирала сè од Дарданелите до реката Халис, со центар во Анакар. Не се знае точната година кога била создадена темата. Изворите упатуваат на претпоставка дека била основана веќе во 626 година, иако нејзиното постоење може да се следи дури од 680 година. Можно е дека првично опфаќала и делови на Тракија.
Опсикија уживала единствена положба во однос на другите теми во Византија. Така, нејзиниот управник не носел титула стратег ("στρατηγος"), туку комес ("κομης"). Таа не била поделена на турми, туку на семејни кланови формирани од стари војнички семејства. Положбата во близина на престолнината ѝ давала на Опсикија поголемо значење од која било друга византиска тема. Комесите на Опсикија често се подигале против самите цареви. Така во 668 година, после смртта на Констанс II на Сицилија, комесот Мизезиј извел државен удар. Опсикија била главна база на царот Јустинијан II. Таму византискиот цар населувал многу Словени заробени во Тракија. Подоцна овие Словени преминувале на страната Арапите. Опсикиската војска се кренала против Филипик Вардан (711-713), убиецот на Јустинијан II, и го довела Анастасиј II на власт, за и него да го свргне во 715 година, поставувајќи го Теодосиј III на царскиот престол. Опсикијанците го поддржале подемот на Лав III Исавријанин на престолот во 717 година. Патрикиј Исос, комес на Опсикија, неуспешно се побунил против овој цар. Опсикија била база од која Артавазд тргнал во освојување на царската власт против царот Константин V. Опсикија важела за центар иконодулите, најголемите противници на иконоборната политика на Исавријанската династија. Како резултат на тоа, Константин ја поделил Опсикија на две теми: Букеларија и Оптиматија.
Извори
уреди- Ahrweiler, Hélène (1966). Byzance et la Mer: La Marine de Guerre, la Politique et les Institutiones Maritimes de Byzance aux VIIe–XVe Siècles. Paris, France: Presses universitaires de France.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Haldon, John F. (1984). Byzantine Praetorians: An Αdministrative, Ιnstitutional and Social Survey of the Opsikion and the Tagmata, c. 580-900. 3. Bonn, Germany: R. Habelt. ISBN 3-7749-2004-4.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Haldon, John F. (1997). Byzantium in the Seventh Century: The Transformation of a Culture. Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-31917-1.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Haldon, John F. (1999). Warfare, State and Society in the Byzantine World, 565-1204. London, United Kingdom: University College London Press (Taylor & Francis Group). ISBN 1-85728-495-X.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Kazhdan, Alexander, уред. (1991). The Oxford Dictionary of Byzantium. New York and Oxford: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-504652-6. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) - Lampakis, Stylianos; Andriopoulou, Vera (17 октомври 2003). „Theme of Opsikion (Οψικίου Θέμα)“. Encyclopedia of the Hellenic World: Asia Minor. Athens, Greece: Foundation of the Hellenic World. Посетено на 7 октомври 2009.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Lounghis, T. C. (1996). „The Decline of the Opsikian Domesticates and the Rise of the Domesticate of the Scholae“. Byzantine Symmeikta (10): 27–36. ISSN 1105-1639. Архивирано од изворникот на 21 ноември 2015. Посетено на 18 август 2019.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Pertusi, A. (1952). Constantino Porfirogenito: De Thematibus. Rome, Italy: Biblioteca Apostolica Vaticana.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Treadgold, Warren T. (1995). Byzantium and Its Army, 284–1081. Stanford, California: Stanford University Press. ISBN 0-8047-3163-2.CS1-одржување: ref=harv (link)