Арслан ан (Истанбул)

Арслан ан (турски: Arslanhane) претставувала византиска источноправославна црква претворена во ан од страна на Османлиите која се наоѓала во Истанбул, Турција. Црквата била посветена на Христос од Чалке[1] според главната порта[1] за влез во Големата палата во Цариград[2].

Црква Христос од Чалке
Арслан ан
Општи податоци
Стилцрква
ан
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција
Почната10 век
Урната18 век

Историја

уреди

Во времето на Роман I Лакапин (920-944) била изградена една мала капела посветена на Исус Христос. На главниот влез стоела икона на Исус, која претставувала една од главните религиозни симболи на градот, и посебно значење имала во времето на иконоборството[1][3]. Капелата била толку мала што можела да собере најмногу 15 луѓе. Во времето на Јован I Цимискиј (969-976), објектот бил проширен со изградба на два спрата, по повод победата над Киевска Русија. Јован I бил погребан во криптата на црквата во 976 година[1][2]. Во 1183 година Андроник бил прогласен во оваа црква за соимператор на Алексеј II Комнин, кој бил погубен веднаш по овој чин[1].

За разлика од портата, капелата постоела уште неколку векови[2]. Таа се споменува од страна на руските верници во 14 век и во турско време По падот на Цариград во 1453 година, објектот бил напуштен, додека во следниот период приземјето од зградаа бил користен за сместување на диви животни (лавови) наменети за палатата Топкапи-сарај. По пожарот од 1741 година во Аја Софија, зградата исто така била оштетена,[4]. Во 1804 година објектот повторно бил опожарен, додека по две години бил разрушен[2].

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Janin (1953), p. 544.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Müller-Wiener (1976), p. 81
  3. It should be noticed that according to modern sources, the existence of this image before the iconoclastic period is doubtful. Brubaker, 2011
  4. The church of St. John lay near the north east corner of the Hagia Sophia, on the site of the German Fountain, and had also a central plan surmounted by a high dome. After having been used as animals shelter, it was demolished at the beginning of the 17th century. Its material was reused to erect the Sultan Ahmed Mosque.Grèlois, Jean-Pierre (2006), „Note sur la disparition de Saint-Jean au Dihippion“, Revue des études byzantines (француски), 64 (64–65): 369–72, doi:10.3406/rebyz.2006.2399