Аритон Силјаноски
Аритон Сарафилов Силјаноски ( 1905 во Малкоец, Кичевско — 1944 во Другово, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиСе занимавал претежно со сточарство. Како симпатизер на народно ослободителното движење, собирал храна, оружје и вршел курирски работи, а во есента 1943 година бил вклучен во Реонскиот баталјон. Во есента 1944 година, заедно со група борци, на пат за Кичево четата се судрила со балистите во селото Другово во кој судир Аритон загинал.[1]