Арена Загреб — мултифункционална спортска сала која се наоѓа во југозападниот дел на Загреб, Хрватска, во населбата Ланиште во Нови Загреб. Комплексот содржи и шопинг центар, што го прави еден од најголемите во градот.

Арена Загреб
Место Улица Вице Вукова бр.8,
Загреб, Хрватска
Отворен 27 декември 2008
Сопственик
Оператор Zagreb Arena Ltd.[1]
Цена на изградбата = 89 милиони[2]
Главен изведувач Град Забгеб
Игра РК Загреб (2009–денес)
РК Медвешчак (2011–денес)
Гледачи 15,200 (ракомет, хокеј на мраз, тенис)
16,500 (кошарка)
24,000 (концерти)

Хрватската влада и градската власт во Загреб одржале јавен тендер за изградба на спортска сала со цел земјата да биде домаќин на Светското првенство во ракомет за 2009 година, а подоцна и за бројни други спортски, културни и деловни настани.

Тие ја избрале компаниите TriGránit (од Унгарија) и Ingra (од Хрватска). Понудата на TriGránit/Ingra првично била одобрена на 25 април 2007 година, но потпишувањето на конечниот договор било одложено поради градоначалникот Милан Бандиќ, изразувајќи незадоволство од условите. Изградбата на спортската сала конечно започнала на 20 јули 2007 година и била завршена како што и било планирано на 15 декември 2008 година.[3][4].

Арената се користи за хокеј, фудбал, ракомет, атлетика, кошарка, одбојка, бројни други спортски натпревари и разни концерти, изложби, саеми, конвенции и конгреси.

Трговскиот центар и Арена Загреб делат серија услуги како заеднички паркинг, мултиплекс кино, велнес центар, бројни ресторани, кафулиња и продавници.

Во 2018 година во арената се одржиле неколку натпревари од Европското првенство во ракомет.

Наводи уреди

  1. Zagreb Arena d.o.o.
  2. „Arena Zagreb bit će dovršena u roku“ (хрватски). Dnevnik.hr. 2008-03-20. Посетено на 2008-05-25.
  3. „Gotova Arena Zagreb“ (хрватски). Metro-portal.hr. December 16, 2008. Архивирано од изворникот на 29 December 2008. Посетено на 2008-12-24.
  4. „Prelijepa Arena Zagreb konačno završena!“ (хрватски). Dnevnik.hr. December 15, 2008. Архивирано од изворникот на 17 December 2008. Посетено на 2008-12-24.

Надворешни врски уреди