Метар

единица за должина според СИ
(Пренасочено од Декаметар)

Метар (крат. м, m) е основна SI-единица за должина, и изнесува 3,29 стапки. Таа е основната големина за должина во метричкиот систем, која се користи низ светот за општи и научни потреби. Историски метарот е дефиниран од Француската академија на науките, како десетмилионити дел (110.000.000) од растојанието помеѓу екваторот и Северниот Пол, која поминува низ Париз. Сега е дефинирана од Меѓународното биро за тегови и мерки, како растојанието кое светлината го поминува низ вакуум за 299.792.458-ти дел од секундата.

Еталон на метарот изработен од легура (90 % платина, 10 % иридиум).

Останати мерки кои се поврзуваат со метарот се километар (1000 метри), и сантиметар (1/100) од метарот.

милиметар << сантиметар << дециметар << метар << километар