Антички период во Македонија
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Остатоци од материјалната култура во Македонија од античкиот период има ширум целата нејзина територија.[1] Позначајни остатоци од градови има во:
Со остатоци од античкиот период се среќаваме уште со предмети кои датираат од 6 век пред н.е. Такви се на пример пронајдените релјефи во камен од Солун. Тоа се Момче од Солун и Девојче од Солун. Исто така од Кожани од 4 век пред н.е. среќаваме релјеф на македонско семејство во типична македонска облека
Остатоци има и од елементите кои ја сочинуваат државноста на Македонците. Така на пример е монета на Александар 1 Филхелен (498-454 година п.н.е.). Тој својот епитет "Филхелен" во тоа време го имале само странците во грчките држави, што е најдобра потврда дека Македонците не биле од хеленско потекло.
Од матерјалната култура на античките Македонци посебно се значајни археолошките наоѓалишта во Требениште (Охридско), веќе споменатите остатоци од Синдос (кај Солун) и Кралските гробници од Кутлеш (Вергина)
Сите тие остатоци одат во прилог на фактот дека Античките Македонци како посебен народ имале свој јазик и култура, а се одликувале од другите народи и племиња и по својата облека, обичаите и начинот на војувањето.
Интересни остатоци од античкиот период на територијата на Македонија наоѓаме во врска со македонската држава и македонските владетели, колуминирајќи со владеењето на Александар Македонски.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 68–70. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)