Антимилос
Антимилос (грчки: Αντίμηλος) ― грчки остров на Кикладите, 21 км северозападно од Милос. Административно е дел од општината Милос. Антимилос е ненаселена маса од трахит (висина од 671 м), често наречена Еримомилос (Пустински Милос). Станува збор за вулкански остров и кратерот се уште е очигледен. Античките жители го преобразиле кратерот во отворен резервоар за дожд. На островот живее ретка варијација на обичната коза, наречена Capra aegagrus pictus. Таа е слична, но не иста како критската коза позната како „ кри-кри “ (Capra aegagrus creticus).
Αντίμηλος | |
---|---|
Поглед од Милос во август 2014 година. | |
Географија | |
Координати | 36°47′13″N 24°14′19″E / 36.78694° СГШ; 24.23861° ИГД |
Архипелаг | Киклади |
Највисоко место | 671 м |
Држава | |
Област | Јужен Егеј |
Округ | Милос |
Демографија | |
Население | 0 (2001) |
Историја
уредиСпоред толкувањето на Хомеровата „Одисеја“, тоа е островот на богот на сонцето Хелиј, каде што придружниците на Одисеј го заклале светиот добиток на богот на сонцето. Претходно, островот бил познат и по името Ефира (старогрчки: Έφυρα)[1] или Ефора (Έφορα, што значи „караула“), бидејќи можело да се набљудува морето од највисоката точка на долги растојанија.
Населување во праисторијата може да се претпостави поради остатоци од ѕидови и врвови од стрели направени од обсидијан пронајдени на островот. Пронајдени се и остатоци од цистерна најверојатно од римско или ранохристијанско потекло.
Наводи
уреди- ↑ Смит, Вилијам, уред. (1854–1857). „Ephyra“. Речник на грчката и римската географија. Лондон: John Murray.
Надворешни врски
уреди- Службена мрежна страница на Oпштина Милос (на грчки и англиски)