Андријана Мациев (родена на 16 септември 1980 година во Скопје - починала на 12 мај 2022 година) — македонска уметница.

Андријана Мациев
Роден 16 септември 1980
Скопје,  Социјалистичка Федеративна Република Југославија
Починал 12 мај 2022
Скопје,  Македонија
Националност Македонка
Занимање ликовен уметник

Биографија уреди

Средно образование завршила во Училиштето за применета уметност Лазар Личеноски во Скопје, а дипломирала на Факултетот за Ликовни уметности во одделот графика во класата на проф. Димитар Малиданов.

Била член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и на Здружението „Широка Стаза“ од Земун.

Изложувала самостојно (30-тина изложби) и учествувала на повеќе од 100 тина групни изложби, манифестации и ликовни колонии во Македонија и надвор од државата. Учествувала на ликовни перформанси во склоп на културните денови во Кочани, Скопје, Кавадарци, Крива Паланка и др.

Награди и признанија уреди

  • 2007 - “Избор на новогодишна честитка при ФЛУ”,
  • 2008 Прва награда од Фондацијата Драгутин Аврамовски-Гуте,
  • 2009 Награда на Универзитетската библиотека св.Климент Охридски од Скопје,
  • 2010 Награда за посебен придонес во уметноста на графиката , Chamalieres, 8 Mondial de l Estampe et de la Gravure Orginale Triennale de Chamalieres
  • 2019 Признанија од Меѓународна манифестација за литература,уметност и култура “Планетопија”
  • 2019 за Уметник на годината,Уметничка четка на боите,Труд за целокупното творештво.
  • 2021 Интернационална литературна манифестација и манифестации за ликовна култура Милица Паулус – Платинеста плакета за целокупното ликовно творештво. За активно ликовно залагање и изложување во Македонија. За хуманоста и поддршката за лицата заболени од карцином.
  • 2021, Платинеста плакета за севкупно творештво.
  • 2021, Најпрестижна награда, Меѓународна манифестација за литература, уметност и култура “Планетопија” 20212011 год под насловот “Слика,Музика Поезија” има перформанси во МКЦ и клубот Парадизо

Активно учествувала на групни изложби од 2006 год во Скопје, Белград, Инстамбул, Варна, Прилеп, Македондки Брод, Тузла, Шамелиер, Тетово, Куманово, Штип, Созопол итн.

Учествувала на многу работилници, графички,изработка на рачна хартија, сликање со вино. Учесник на многу манифестааци, хепенинзи каде се негува и почитува уметноста.

 

Самостојни изложби уреди

  • 2009, Белград,мал формат,Библиотека Св Сава
  • 2010, Скопје, Светски ден во борба против ракот КИЦ
  • 2010, Скопје,МКЦ
  • 2010, Скопје, Проект изложба “Звуците на чаршијата ”
  • 2012, Скопје,Кафе ЛИ
  • 2012, Скопје ,КО-РА
  • 2013, Прилеп,галерија Марко Цепенков
  • 2014, Скопје, Карпошово лето
  • 2016, Скопје, Галерија Бада бум
  • 2016, Кавадарци,Дом на култура Иван Мазов-Климе
  • 2016, Гевгелија,Галерија Амам
  • 2016, Белград, Галерија Богиќ
  • 2017, Софија, КИЦ на Р Македонија
  • 2017, Скопје, Дом на културата Илинден
  • 2017, Скопје, НЛП Бизнис центар
  • 2017, Прилеп, Галерија Борко Лазески
  • 2017, Кочани, НУЦК Бели мугри
  • 2017, Демир Капија, Музеј галеријa
  • 2017, Струмица,Нуцк Антон Панов
  • 2017, Сарасота,УСА,Art and Cultural Alliance
  • 2018, НУ Центар за култура Крива Паланка
  • 2018, Куманово,Музеј Куманово,Уметничка галерија
  • 2019, Кавадарци, Дом на култура Иван Мазов-Климе
  • 2019, Музеј на град Неготино
  • 2019, Дом на култура, Радовиш