Андре Марков Дамјаноски ( 1895 во Малкоец, Кичевско8 мај 1944 во Малкоец, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Андре Дамјаноски
Роден 1895 година
Малкоец, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство
Починал 8 мај, 1944 година
Малкоец, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец
Спомен обележје за паднатите борци и цивилни жртви во и од Малкоец, меѓу кои е ѝ името на Андре Дамјаноски.

Животопис

уреди

Се занимавал со земјоделство. Како симпатизер на народно-ослободителното движење, во текот на 1942 година, а особено во летото 1943 година активно работел како партиски работник. Бил претседател на Селскиот комитет. Поради неговата активност, во 1943 година бил уапсен од италијанските власти и однесен во Тирана од каде бил пуштен по шест месеци. Активноста ја продолжил ѝ по враќањето поради што бил повторно фатен и стрелан во селото на 8 мај во 1944 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 51.