Андреј Јакимовски

Андреј Јакимовски (роден на 18 март 2001 во Крива Паланка) — македонски кошаркар кој бил член на италијанскиот клуб Баскет Торино, а е на позајмица во Торино Кампус Пиемонте.

Андреј Јакимовски
ПозицијаБек
Крилен центар
Висина2,00 м
Тежинакг
ЛигаСерие А2 - Запад (2. ранг)
Серие Ц (4. ранг)
КлубБаскет Торино;
Торино Кампус Пиемонте (позајмица)
Број23
Роден18 март 2001(2001-03-18)(23 г.)
Крива Паланка, Македонија
НационалностМакедонец
Клубови
2014–2016Феникс 2010
2019–Баскет Торино
2019-Торино Кампус Пиемонте (позајмица)
Репрезентација
Инфо од: 14 јануари 2020.

Клупска кариера

уреди

Младинска кариера

уреди

Младинската кариера ја започнал на седум години во младинските екипи на КК Крива Паланка.[1] Во дресот на Крива Паланка настапувал во младинските лиги од сезоната 2010/11 до сезоната 2013/14. Потоа се преселил во Феникс 2010 од Скопје за сезоната 2014/15.[2] Поради добрите игри за време на Европската младинска лига која била одржана во септември 2016 година, во декември Јакимовски потпишал четиригодишен договор со клубот ПМС Монкалиери (подоцна реформиран и познат под името Реале Мутуа Баскет Торино),[3] во кој настапувал за младинската екипа. Потоа настапувал и во Торино Кампус Пиемонте.[4] Во сезоната 2019/20, иако Андреј бил кошаркар на Торино Баскет, тој бил позајмен во својот претходен клуб Кампус Пиемонте. На еден натпревар во декември, тој завршил со индекс 57, со постигнати 42 и остварени 20 скокови. Со тоа, Јакимовски бил прогласен за најкорисен играч на колото.[5]

Сениорска кариера

уреди
 
Јакимовски во дресот на Торино во 2019

Во првата полусезона од сезоната 2016/17, односно сè до заминувањето во Италија, Јакимовски се натпреварувал во Втората македонска лига како играч на Феникс 2010.[3]

На крајот на август 2019 година, Андреј потпишал професионален договор со второлигашкиот клуб Реале Мутуа Баскет Торино.[4] Тој бил вклучен во сениорската екипа на Торино Баскет сè до 22 декември 2019 година.[6][7]

Во јануари 2020 година, Андреј бил поканет од Ректоратот на Вашингтон Стејт Универзитетот со можност да стане нивен студент односно нивен член на кошаркарската секција на Универзитетот.[8] Во јуни, тој потпишал за Универзитетот Вашингтон, односно нивната кошаркарска екипа Кугарс.[9][10]

Репрезентативна кариера

уреди

Младинска репрезентација

уреди

На негови 14 години, Јакимовски бил вклучен во македонската репрезентација под 14 години. Подоцна тој бил повикан во македонската репрезентација под 16 години.[2]

За време на Европското првенство под 2018 години - Б дивизија во 2019 година, кога македонската репрезентација завршила на четвртото место, откако Андреј Јакимовски бил најдобар стрелец, највисок просечен индекс и трет најдобар скокач, тој бил избран во најдобрата петорка на Првеството.[11][12]

Сениорска репрезентација

уреди

Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Јакимовски.[13] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[14]

Признанија

уреди
  • Најдобра петорка на Евробаскетот под 18 години - Б дивизија во 2019 година[11][12]
  • Награда „Симбол на градот Крива Паланка“[15]
  • Признание „8 ноември“ за особени постигнувања и придонес за развој и афирмација на Општина Крива Паланка за 2019 година[1]
  • Најдобар млад кошаркар за 2019 година[16][17]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Андреј Јакимовски одликуван со Осмооктомвриско признание за особени заслуги во афирмацијата и развојот на родниот град“. Општина Крива Паланка преку web.archive.org. 9 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. 2,0 2,1 „ЈАКИМОВСКИ: Сонувам настап на Еуробаскет со сениорската селекција!“. basketball.mk преку web.archive.org. 15 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-19. Посетено на 19 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. 3,0 3,1 „Уште еден кошаркарски талент замина од Македонија: Андреј Јакимовски од Феникс „одлета" во Торино“. sitel.com.mk преку web.archive.org. 5 декември 2016. Архивирано од изворникот на 2016-12-07. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. 4,0 4,1 „Големиот македонски талент потпиша прв професионален договор – во Италија“. basketball.mk преку web.archive.org. 26 август 2019. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „„Јакимонстер" се врати со монструозен дабл-дабл и индекс на успешност-57!“. Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. 3 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  6. „Regular Season Round 14: Edilnol BI - Basket TO 83-71“. eurobasket.com преку web.archive.org. 22 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  7. „Regular Season Round 15: Basket TO - Orlandina CdO 81-85“. eurobasket.com преку web.archive.org. 29 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  8. „Јакимовски на колеџот на Клеј Томпсон“. basketball.mk преку web.archive.org. 16 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-19. Посетено на 19 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  9. „WSU lands top 2020 international prospect Andrej Jakimovski“. cougcenter.com преку web.archive.org. 21 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-21. Посетено на 22 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  10. „Андреј Јакимовски се сели во НЦАА-лигата“. ekipa.mk преку web.archive.org. 21 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-21. Посетено на 22 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  11. 11,0 11,1 „ЕП У18: Андреј Јакимовски е во петорката на првенството“. ekipa.mk преку web.archive.org. 5 август 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-05. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  12. 12,0 12,1 „Андреј Јакимовски е во идеалната петорка на ЕП“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 5 август 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-05. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  13. „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  14. „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  15. „Македонската кошаркарска гордост Андреј Јакимовски на прием кај градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски“. iportal.mk преку web.archive.org. 9 август 2019. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  16. „Димитријевиќ, Кочов, МЗТ, Вардар... се најдоброто во мак-баскетот за 2019 година!“. gol.mk преку web.archive.org. 25 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-26. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  17. „Димитријевиќ, Стојановска, Рајковиќ, Кочов… најдоброто од макбаскетот за 2019“. ekipa.mk преку web.archive.org. 25 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-26. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

уреди