Андексанет алфа
Андексанет алфа е биоинженерски произведена белковина која е структурно слична со човечкиот фактор на коагулација Xa . Адексанет алфа го поништува ефектот на одредени антикоагуланси и на тој начин делува како противотров (антидот). Андексанет алфа е одобрен во САД и ЕУ за третман на неконтролирано крварење поврзано со терапија со ривароксабан или апиксабан.
Систематско (IUPAC) | |
---|---|
Andexanet alfa | |
Клинички податоци | |
Заштитени имиња | Andexxa, Ondexxya, others |
AHFS/Drugs.com | monograph |
Licence data | US Daily Med:врска |
Бременосна категорија |
|
Начин на издавање | |
Начин на примена | Intravenous injection |
Фармакокинетички податоци | |
Полувреме на елиминација | 5 h to 7 h |
Назнака | |
CAS-број | 1262449-58-0 |
ATC код | V03AB38 |
IUPHAR/BPS | 7576 |
DrugBank | DB14562 |
UNII | BI009E452R |
KEGG | D11029 |
ChEMBL | CHEMBL3301583 |
Синоними | Coagulation factor Xa (recombinant), inactivated-zhzo, PRT06445, r-Antidote, PRT4445 |
Заднина
уредиЗа профилаксата на тромбози и белодробни емболии по големи операции, како и на мозочни удари при атријална фибрилација и други срцеви болести, во последните години зачестено се користат таканаречените директни орални антикоагуланси ( DOAK) како што се апиксабан (трговско име Eliquis ), ривароксабан (Xarelto), едоксабан (Lixiana) или дабигатран етексилат (Pradaxa). Во споредба со дериватите на хепарин како што се цертопарин ( Mono-Embolex), далтепарин (Fragmin), еноксапарин (Clexane), надропарин, ревипарин или тинзапарин (innohep), директните орални антикоагуланси (ДОАК) имаат предност затоа што се ефективни при орална администрација со што нема потреба од интравенска администрација. Дополнително, за разлика од антагонистите на витамин К, како што е фенпрокумон (заштитни имиња Фалитром, Маркумар ), аценокумарол или варфарин, тие не бараат редовни лабораториски контроли на коагулација. Како недостаток на ДОАК до скоро беше тоа што, во случај на акутно крварење или акутна индикација за операција, не постоеше начин да се прекине антикоагулантниот ефект на ДОАК. Адексанет алфа делумно ја пополнува оваа празнина (за антикоагулансите апиксабан и ривароксабан).
Механизам на дејство
уредиАндексанет алфа е рекомбинантна и модифицирана верзија на човечкиот активиран фактор на коагулација X.[8] Ги врзува директните инхибитори на факторот Xa со ист афинитет како природниот фактор Xa. Со тоа се прекинува антикоагулантниот ефект на директните инхибитори на факторот Xa и се повратува соодветна хемостаза.[9][10] Андексанет алфа е неефикасен како противотров (антидот) на инхибиторите на фактор IIa како што е дабигатран.[11]
Одлики
уредиЛесниот ланец се состои од 105, тешкиот ланец од 254 аминокиселини. Серинот во активното место на молекулата е заменет со аланин, што ја прави белковината неспособна да се расцепи за да го активира протромбинот. Способноста на белковината да се интегрира во комплексот на протромбиназа беше укината со отстранување на доменот γ-карбоксиглутаминска киселина (Gla). Ова го елиминира потенцијалниот антикоагулантен ефект. Андексанет алфа се произведува во CHO-клетки (клетки од јајници на кинески хрчак, англиски: chinese hamster ovary cells) .[12]
Примена
уредиАндексанет алфа се администрира интравенски. Има полуживот од 5-7 часа. Тој е одобрен како противотров (антидот) за ривароксабан и апиксабан. Тој нема ефект врз дабигатран етексилат, кој моментално е единствениот одобрен ДОАК кој не е инхибитор на факторот Xa. По администрацијата на андексанет алфа, комерцијалните анти-FXa тестови се неубедливи бидејќи инхибиторот на FXa дисоцира од андексанет алфа. За да се спречи погрешно потценување на активноста на спречување на антикоагулансот (антидот активноста), следењето на третманот треба да се заснова на други параметри.
Несакани ефекти
уредиВообичаени несакани ефекти вклучуваат пневмонија и инфекции на уринарниот тракт.
Бидејќи андексанет алфа ги менува антикоагулантните ефекти на ДОАК, може да се појават состојби за кои ДОАК се наменети да ги спречат:
- Венска тромбоза
- белодробни емболии
- артериска тромбоза
- исхемичен мозочен удар
Како последица на овие болести може да дојде до срцев удар и ненадејна смрт.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Andexxa APMDS“. Therapeutic Goods Administration (TGA). 12 July 2023. Посетено на 10 September 2023.
- ↑ „Andexxa (AstraZeneca Pty Ltd)“. Therapeutic Goods Administration (TGA). 28 July 2023. Архивирано од изворникот 11 September 2023. Посетено на 10 September 2023.
- ↑ „AusPAR: Andexxa“. Therapeutic Goods Administration (TGA). 19 December 2023. Посетено на 31 March 2024.
- ↑ „Details for: Ondexxya“. Health Canada. 16 June 2023. Архивирано од изворникот 3 March 2024. Посетено на 3 March 2024.
- ↑ „Summary Basis of Decision (SBD) for Ondexxya“. Health Canada. Посетено на 11 December 2023.
- ↑ „Notice: Multiple additions to the Prescription Drug List (PDL) [2023-08-30]“. Health Canada. 26 October 2023. Архивирано од изворникот 3 January 2024. Посетено на 3 January 2024.
- ↑ „Andexxa- andexanet alfa injection, powder, lyophilized, for solution“. DailyMed. 21 September 2020. Архивирано од изворникот 18 November 2020. Посетено на 12 November 2020.
- ↑ Genmin Lu, Francis R. DeGuzman, Sanjay Lakhotia, Stanley J Hollenbach, David R Phillips and Uma Sinha (2008). Recombinant Antidote for Reversal of Anticoagulation by Factor Xa Inhibitors. 112. стр. 983.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Elie Dolgin (2013). Antidotes edge closer to reversing effects of new blood thinners. 19. стр. 251.
- ↑ Genmin Lu, Francis R. DeGuzman, Stanley J. Hollenbach, Mark J. Karbarz, Keith Abe (2013). A specific antidote for reversal of anticoagulation by direct and indirect inhibitors of coagulation factor Xa. 19. стр. 446–451. doi:10.1038/nm.3102. PMID 23455714.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ H Spreitzer (2013). Neue Wirkstoffe – Andexanet Alfa. стр. 40.
- ↑ International Nonproprietary Names for Pharmaceutical Substances (INN) - Recommended International Nonproprietary Names: List 72