Периферна артериска болест

Периферна артериска болест (ПАБ) е абнормално стеснување на артериите, освен на оние кои го снабдуваат срцето или мозокот со крв.[1][2] Кога ќе се појави стеснување на срцевите артерии, се нарекува коронарна артериска болест, а во мозокот, се вика цереброваскуларна болест.[3] Периферната артериска болест најчесто ги зафаќа нозете, но може да бидат зафатени и други артерии – како оние во рацете, вратот, или бубрезите.[3][4] Класичен симптом е болка во нозете при одење, која се повлекува со одмор, позната како повремена клаудикација.[5] Други симптоми вклучуваат улцери на кожата, цијаноза, студена кожа, или абнормален раст на нокти и влакна на зафатената нога.[6] Можни компликации се гангрена која може да изискува ампутација; коронарна артериска болест, или мозочен удар.[3] До 50% од пациентите со ПАБ немаат симптоми.[5]

Наводи

уреди
  1. „What Is Peripheral Vascular Disease?“ (PDF). American Heart Association (heart.org). 2012. Архивирано (PDF) од изворникот април 12, 2015. Посетено на февруари 26, 2015. Peripheral artery disease (PAD) is the narrowing of the arteries to the legs, stomach, arms and head.
  2. „Overview of Peripheral Arterial Disease – Heart and Blood Vessel Disorders“. Merck Manuals Consumer Version (англиски). Посетено на 30 April 2019. Disorders of arteries that supply the brain with blood are considered separately as cerebrovascular disease.
  3. 3,0 3,1 3,2 „What Is Peripheral Arterial Disease?“. nhlbi.nih.gov. август 2, 2011. Архивирано од изворникот февруари 25, 2015. Посетено на февруари 25, 2015.
  4. Shantulli, Shu (2018). „Update on peripheral arterial disease: Epidemiology and evidence-based facts“. Atherosclerosis.
  5. 5,0 5,1 Violi, F; Basili, S; Berger, JS; Hiatt, WR (2012). Antiplatelet therapy in peripheral artery disease. Handbook of Experimental Pharmacology. 210. стр. 547–63. doi:10.1007/978-3-642-29423-5_22. ISBN 978-3-642-29422-8. PMID 22918746.
  6. „What Are the Signs and Symptoms of Peripheral Arterial Disease?“. nhlbi.nih.gov. август 2, 2011. Архивирано од изворникот февруари 25, 2015. Посетено на февруари 26, 2015.

Надворешни врски

уреди
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори