Фингалскиот јазик (англ. Fingalian) — мртов јазик што некогаш се говорел во областа Фингал во Ирска, северно од Даблин. Ова било западногерманско наречје со потекло од средноанглискиот јазик кој почнал да се употребува со норманското освојување на Ирска. Јазикот исчезнал кон средината на XIX век. Делел многу сличности со јазикот јола, кој се говорел во Вексфорд.

Фингал на картата на Ирска

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  • McCrum, Robert, William Cran, Robert MacNeil (1993). The Story of English. Penguin (некласични). ISBN 0-14-015405-1.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) стр. 182.