Црква на Англија

(Пренасочено од Англиканска Црква)

Црквата на Англија или Англиканска црква (англиски: Church of England) е христијанска црква[2] во Англија и матична црква на англиканските цркви ширум светот.

Црква на Англија
Church of England
Значка на Црквата на Англија  The Archbishops' Council, 2000.
Значка на Црквата на Англија  The Archbishops' Council, 2000.
Врховен управникЧарлс III
ПоглаварЏастин Велби, Архиепископ Кантербериски
СедиштеЧерч Хаус, Вестминстер, Лондон
ТериторијаАнглија
Ман · Каналски Острови
Гибралтар · континентална Европа
Верници41,337,554 милиони покрстени[1]
Мреж. местоwww.churchofengland.org
Кантербериската катедрала - седиште на Архиепископот Кентербериски.

Црквата на Англија се смета себеси и за католичка и за реформирана (протестантска): католичка е бидејќи смета на својот континуитет од апостолските и средновековните времиња и се потпира на најраните учења на првите црковни татковци, особено на Апостолскиот, Никејскиот и Атанасијскиот Завет.[3] Покрај тоа, таа е и реформирана бидејќи го примила влијанието на некои доктринарни начела од реформацијата од XVI век. Ова се гледа од 39-те прописи воспоставени од кралицата Елизабета I како дел од помирувањето на религијата во Англија. Обичаите и литургијата во Англиската црква се засноваат на постарите католички традиции, но се осовременети под влијанието на реформацијата.[3]

Црквата на Англија се осамостоила од католичката во времето на кралот Хенри VIII, и оттогаш англискиот монарх го назначува Архиепископ Кантербериски кој е поглавар на црквата. Моментален архиепископ е Џастин Велби (2013-).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Гледхил, Рут (6 Јули 2024). „Католиците ќе ги надминат англиканците како водечка црква во Британија“. The Times. Лондон. Архивирано од изворникот на 2011-09-18. Посетено на 2013-02-18. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help) (англиски)
  2. „Историја на Црквата на Англија“. Совет на Архиепископот на Црквата на Англија. Архивирано од изворникот на 2010-02-21. Посетено на 24 мај 2006. (англиски)
  3. 3,0 3,1 http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf