Јоршка митрополија

Јоршка митрополија (англиски: Province of York) — една од двете митрополии што ја сочинуваат Црквата на Англија. Се состои од 14 епархии што ја опфаќаат северната третина на Англија и островот Ман.[1] Јорк го добил статусот на архиепископија во 735 г, а прв архиепископ бил Екберт Јоршки. Во извесен период од историјата, митрополијата полагала право и на цела Шкотска, но никогаш не ја успеала да се наметне, и се откажала со основањето на Сентендруската епархија.

Јоршка митрополија
Подрачјето на митрополијата
Црква Црква на Англија
Митрополит Архиепископ Јоршки
Соборна црква Јоршка катедрала
Епархии 14
Суфраган(и) Архиепископ Беверлиски

Митрополитот што стои на чело на Јоршката митрополија е Архиепископот Јоршки (втор по значење во Црквата на Англија).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Cannon, John (2002). „York, metropolitan diocese of“. The Oxford Companion to British History. Oxford University Press. Посетено на 8 август 2009.