Ангел Димитриев Велковски (2 февруари 1926 во Белимбегово, Скопско16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од селско семејство. По завршувањето на основното образование се занимавал со земјоделство. На 14 ноември 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада, со која заминал на Сремскиот фронт. Бил борец во вториот баталјон. Учествувал во пробивот на фронтот и во сите борби што неговата Бригада ги водела. Во борбите кај Врпоље, на 16 април 1945 година бил тешко ранет, а потоа ѕверски избоден со ножеви од непријателот. Бил закопан заедно со други паднати соборци. По завршувањето на војната посмртните останки му биле пренесени во неговото родно село Белимбегово.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 41. На |first= му недостасува |last= (help)