Ангелина Бановиќ-Марковска
Ангелина Бановиќ-Марковска (р. 10 октомври 1966 во Скопје) – универзитетски професор, книжевен критичар, културолог и есеист. Работи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.[1]
Ангелина Бановиќ-Марковска | |
---|---|
Роден(а) | 10 октомври 1966 |
Занимање | Редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје |
Награди | „Димитар Митрев“ за најдобра книга критика и есеистика за 2017 година. |
Мреж. место | https://angelinabanovic.blogspot.com/ |
Животопис
уредиПредава група предмети од областите наука за книжевноста и културологија, на сите студиски циклуси.
Покрај редовниот ангажман на матичниот факултет, од 2012 до 2014 година била и визитинг професор на Универзитетските интердисциплинарни докторски студии по културологија и општествено-хуманистички науки на Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ во Осиек, Хрватска, а од 2008 до 2013 година предавала и на магистерските Интердисциплинарни културолошки студии во книжевноста, на Институтот за македонска литература во Скопје.
Учесник е во меѓународни и домашни научно-истражувачки проекти и член на стручни жириjа за доделување национални награди и признанија од областа на науката и книжевноста. Застапена е во меѓународни зборници и списанија.
Автор/ко-автор е на 10 книги и 2 антологии. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и добитник на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критика и есеистика за 2017 година.
Книги (авторство/ко-авторство)
уреди- И повторно политика, култура, идентитет (интеркултурен дијалог 2) /коавторство со Златко Крамариќ/ Ми-Ан, Скопје, 2024
- Прилози за историјата на Македонија и македонската култура (приредувач Катица Ќулавкова), МАНУ, Скопје, 2021
- Методи и толкувања на книжевната херменевтика Том II (редактор aкад. Катица Ќулавкова), МАНУ, Скопје, 2018
- Дискурс и екскурс (за книжевноста и културата), Матица македонска, Скопје, 2017
- Politika, kultura, identitet (interkulturalni dijalog) /u suautorstvu sa Zlatkom Kramarićem/ Odjel za kulturologiju Sveučilišta J.J.Strossmayer & Školska knjiga, Osijek-Zagreb, 2013
- Komparativni postsocijalizam: slavenska iskustva (ur. Maša Kolanović), Filozovski fakultet Sveučilišta u Zagrebu & Zagrebačka slavistička škola: Hrvatski seminar za strane slaviste, Zagreb, 2013
- Политика. Култура. Идентитет (интеркултурен дијалог) /коавторство со Златко Крамариќ/ Магор, Скопје, 2012
- Групен портрет (културолошки и литературно-теориски есеи), Магор, Скопје, 2007
- Хипертекстуални дијалози: интертекстуалноста и јужнословенскиот литературен 20 век, Магор, Скопје, 2004
- Ликови-антагонисти, Магор, Скопје, 2001
- Интерпретативни стратегии (теориско-критички есеи), Ѓурѓа, Скопје, 1999
- Don’t You FYROM Me: suvremena makedonska priča (priredile Angelina Banović-Markovska i Vesna Mojsova-Čepiševska), Književna revija: časopis za književnost i kulturu, god. 49./br. 2-3, 2009, Ogranak Matice hrvatske Osijek.
- Кафез од брчки: поезијата и детството (тематски избор од современата македонска поезија) /приредувач и автор на предговорот Ангелина Бановиќ-Марковска/, Струга: XLVI Струшки вечери на поезијата, 2007 /// A Cage of Wrinkles: poetry and childhood: A Thematic Selection of Contemporary Macedonian Poetry / selected and introduction by Angelina Banović-Markovska: „Inner images of life: childhood as a motif in Macedonian lyric poetry (a tematic selection)“ / [Struga]: XLVI Struga Poetry Evenings, 2007.
Наводи
уреди- ↑ „angelina-banovik-markovska“ (англиски). 2020-06-01. Посетено на 2024-10-31.