Петар Стеванов Тофовиќ
(Пренасочено од Петар - Пјер Тофовиќ)
Проф. д-р Петар Стеванов Тофовиќ (Тетово, 3 февруари 1920 - Скопје, 21 јули 1990) — македонски неврохирург и поранешен редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Го основал Неврохируршкото одделение и на неврохирургија во Македонија (1959)[1]. Негова сопруга била една од најголемите оперски певици во Македонија, Ана Липша-Тофовиќ.
Животопис
уредиТофовиќ е роден во Тетово на 3 февруари 1920 година. Се занимавал со невротраума и ја создал неврохируршката школа. Бил директор на Неврохируршката клиника од 1959 до 1984 година. Бил член на Европската асоцијација за неврохирургија. Бил и поранешен претседател на Македонското лекарско друштво[2].
Библиографија
уредиОбјавил над 80 научно-стручни трудови и две книги од областа на неврохирургијата.
- Вовед во современа неврохирургија, Скопје, 1984;
- Современа неврохирургија, Скопје, 1988.
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help). - ↑ „Поранешни претседатели на МЛД“. Посетено на 2009-10-27.