Изолативен јазик

(Пренасочено од Аналитичен јазик)

Изолативен јазик е вид јазик со мал број морфеми во однос на еден збор. Во крајни случаи има и јазици каде една морфема е еден збор. Поимот „изолативен јазик“ е во сродност со поимот „аналитички јазик“, каде во крајна граница има целосно отсуство на инфлекција за означување граматички односи. Изолативните јазици се поставени наспроти синтетичките јазици, каде во зборовите има присуство на повеќе морфеми.

Јазична типологија
морфолошка типологија
изолативен јазик
синтетичен јазик
полисинтетичен јазик
флективен јазик
аглутинативен јазик
морфосинтаксна типологија
морфосинтаксно порамнување
номинативно-акузативен јазик
ергативно-апсолутивен јазик
поделба на ергативност
австронезиско порамнување
активно-статичен јазик
тродолен јазик
номинативно-апсолутивен јазик
директно-спротивен јазик
синтаксен центар
улога тета
збороред
прирок-предмет
подмет-прирок-предмет
прирок-подмет-предмет
прирок-предмет-подмет
предмет-прирок
подмет-предмет-прирок
предмет-подмет-прирок
предмет-прирок-подмет
време-начин-место
место-начин-време

Објаснување

уреди

Иако историски јазиците биле поделени на три групи (изолативни, флективни и аглутинативни), овие морфолошки видови можат да бидат поделени според два параметра:

  • односот меѓу морфемата и зборот (сразмер), и
  • степенот на споеност меѓу морфемите.

Изолативен јазик може да биде дефиниран како јазик кој има совпаѓање еден со еден меѓу зборот и морфемата. Пример за ова совпаѓање е зборот „ти“, кој е еден збор и една морфема. Од другата страна пак во овие јазици може да има и зборови составени од повеќе морфеми, како што е зборот „преиспитување“ кој е еден збор составен од три морфеми: пре-, испитува, -ње.

Аналитички јазик

уреди

Аналитички јазик е јазик кој ги искажува граматичките односи по синтаксен пат, односно преку употреба на слободни морфеми кои функционираат како одделни зборови. Овие јазици послабо користат сврзани морфеми кои имаат флекција.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди