Али Сисоко (Aly Cissokho) (роден на 15 октомври 1987 во Блоа) — француско-сенегалски фудбалер, лев бек на Астон Вила.

Али Сисоко
Лични податоци
Полно име Али Сисоко
Роден на 15 септември 1987(1987-09-15)(37 г.)
Роден во Блоа, Франција
Висина 1.81 м (5 ст 11 ин)
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Астон Вила Астон Вила
Број 23
Младинска кариера
1995–1999 ФК Блоа
1999–2003 ФК Блоа 41
2003–2004 ФК Сен Жен де ла Рел
2004–2007 ФК Гењон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2008 Гењон 22 (0)
2008–2009 Виторија Сетубал Виторија Сетубал 13 (0)
2009 Порто Порто 15 (0)
2009–2012 Олимпик Лион Олимпик Лион 93 (1)
2012–2014 Валенсија Валенсија 25 (2)
2013–2014Ливерпул Ливерпул (позајмен) 15 (0)
2014– Астон Вила Астон Вила 4 (0)
Репрезентација
2010– Франција 1 (0)
* Ажурирано на: 26 јули 2012
** Ажурирано на: 11 август 2010

Кариера

уреди

По потекло од Сенегал, Али Сисоко е четвртото дете во фамилијата од вкупно пет (три постари браќа и една сестра). Тој почна со фудбалот од шестгодишна возраст во Блоа Фут 41, потоа во фудбалскиот клуб Олимпик де Сен Жан дела Руeл (F.C.O) пред да биде забележан од Гењон.

Првото официјално деби тој го направи во втората лига за Гењон, на последниот меч од сезоната 2006-07, по кој тој го продолжи својот, со нов три-годишен договор со клубот.

На 2 јуни 2008, Сисоко потпиша тригодишен договор со португалскиот прволигаш Виторија.[1]

По добрите настапи во Португалската лига, Сисоко се пресели на север во португалскиот гигант Порто во јануари 2009[2] за само 300 илјади евра. Тој беше веднаш ставен во првите IX на Хесуалдо Фереира (Jesualdo Ferreira), и му помогна на клубот да ја освои третата последователна титула.

Првиот натпревар во Лигата на шампионите беше натпреварот против Атлетико Мадрид во осминафиналето, и Порто успеа да го елиминира шпанскиот тим.

На 7 април 2009, на натпреварот против Манчестер Јунајтед во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, тој изигра одличен меч на Олд Трафорт, каде што како во дефанзивата се покажа многу добро и во нападот, каде неколкупати се закани кон голот на Едвин ван дер Сар.[3] Од тогаш, тој беше следен од многу клубови.[4]

На 14 јуни 2009, Милан објави дека клубот постигнал договор со Порто за купување на младиот играч.[5] Трансферот на Сисоко чинеше 15 милиони евра. На 16 јуни Сисоко отиде на медицински преглед, а веќе следниот ден беше објавено дека Сисоко не го поминал медицинскиот преглед поради проблеми со забите, со што тој беше требаше да се врати во својот клуб Порто, а преговорите да се прекинат.[6] Подоцна истиот ден, Али Сисоко направи уште еден медицински преглед кој се покажа успешен, и тој потпиша пред-договор.[7] Во меѓувреме Милан се обиде да го смени договорот и да го земе Сисоко на позајмица, поради грижите за здравјето на играчот, но Порто не го прифати тоа. Поради тоа, клупскиот директор Адријано Галијани изјави дека договорот за купување на Али Сисоко пропадна, со што играчот остана во својот првичен клуб.

На 18 јули, францускиот клуб Олимпик Лион објави дека постигнале договор со Порто за трансфер на Сисоко. Трансфер сумата ја достигна понудата на Милан од 15 милиони евра[8]. Но, како и да е, Порто ќе добие 20% од било кој следен трансфер што Лион ќе го добие за играчот. Сисоко успешно го помина медицинскиот тест и потпиша петгодишен договор. Тој на медиумите им беше презентиран на 20 јули, а му беше доделен бројот 20[9].

Почести

уреди
  • Португалска лига 2008-2009
  • Португалски куп 2008-2009

Наводи

уреди
  1. „Али Сисоко потпиша тригодишен договор со Виторија“ (португалски). Vitória F.C. 2008-06-02. Архивирано од изворникот на 2008-06-16. Посетено на 2008-06-03.
  2. „Cissokho strenghtens Jesualdo Ferreira's squad“ (португалски). 2009-01-09. Архивирано од изворникот на 2009-01-10. Посетено на 2009-01-11.
  3. „Профил: Али Сисоко“ (англиски). goal.com. 14 јуни 2009. Архивирано од изворникот на 2009-06-17. Посетено на 14 јуни 2009.
  4. „Али Сисоко: Многу посакуван играч“ (англиски). 15 јуни 2009. Посетено на 15 јуни 2009.
  5. „Сисоко потпиша со Милан“ (англиски). 14 јуни 2009. Посетено на 14 јуни 2009.
  6. „Пропадна договорот за купување на Али Сисоко“ (англиски). goal.com. 17 јуни 2009. Архивирано од изворникот на 2009-06-20. Посетено на 17 јуни 2009.
  7. „Вториот медицински преглед помина добро“ (англиски). goal.com. 17 јуни 2009. Архивирано од изворникот на 2009-06-20. Посетено на 17 јуни 2009.
  8. Лион го намами Сисоко од Порто; UEFA.com, 18 јули 2009
  9. Présentation de M.Bastos et A.Cissokho (француски)